Локални избори 2017
Проектите од „Утрешен Гостивар“ претставени пред жителите на Фазанерија, Бањешница, Циглана

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од редовите на ДУИ, Невзат Бејта во рамки на предизборната кампања денес ги посети населбите Фазанерија, Бањешница и Циглана каде заедно со својот тим ги претстави предвидените проекти во својата програма „Утрешен Гостивар“.
„Со реализација на проектот “Вода за Гостивар”, дефинитивно ќе се оконча проблемот со недостаток на вода. Пред два дена, Министерството за транспорт и врски отвори тендер за изведување на работи за замена на главниот цевковод од изворот на реката Вардар во Вруток, па се до Гостивар. Изградбата на првиот резервоар за акумулација на вода е при крај и се наоѓа во близина на селата Вруток и Равен. Останатите три резервоари ќе се изградат во Здуње, Бањица и Чегране. Во предизборната програма опфатено е и продолжувањето на уредување на коритото на каналот од населба Фазанерија до Мало Турчане. Планирана е и изградба на нова водоводна линија од Горна Бањица до населба Циглана. Програмата предвидува и реасфалтирање на улицата од “Беличица“ до село Бањица покрај муслиманските ромски гробишта, гребење и асфалтирање на локалниот пат, канализација од Џамијата на Младите до фабриката Циглана, како и реконструкција на каналот за наводнување во Бањица – Бањешница – Мало Турчане. Сме предвиделе и изградба на водовод, односно нова линија, раскрсницата помеѓу Кеј Вардар и “Бањешница” и многу други зафати“, нагласи Бејта.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!