Култура
„Проекции под исто небо“ – прво поетско читање на Клубот на млади поети во Гостивар
Младите гостиварци, љубители на пишаниот збор, отсега заеднички ќе ја слават поезијата преку новоформираниот Клуб на млади поети. Клубот функционира во рамки на Советот на млади на општина Гостивар и има мултиетнички концепт. Првиот настан, од низата кои се најавени под името „Проекции под исто небо“ се одржа вчера.
„Клубот има за цел да ги обедини младите кои ја сакаат поезијата, да ги поттикне да творат и да ги споделуваат своите пишани дела. Може да се зачленат сите млади гостиварци кои пловат во водите на пишаниот збор“, вели Флоранда Мухареми, потпретседател на Советот на млади и иницијатор за основање на клубот.
На првото поетско читање настапија 12 млади поети од Гостивар, кои се претставија со свои стихови или читаа поезија од други поетски пера: Енис Мифтари, Емилија Србиноска, Џошкун Јусуф, Калтрина Сулејмани, Берна Емрули, Али Мустафа, Викторија Трпеска, Невриј Адеми, Амбра Османи, Мирослав Крстески и Мелек Сулејмани. На гитара ги придружуваше Владимир Димитриески.
Специјален гостин на вчерашното поетско читање беше писателот Коста Петров, кој потекнува од Гостивар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград