Гостивар
Професори и матуранти од гимназијата во Гостивар го одбележаа 11-ти Октомври пред Обелискот на борците од НОБ

Во чест на претстојниот празник 11-ти Октомври, професори и матуранти од гостиварската гимназија организираа пригодно одбележување. Најпрво спроведоа акција за чистење на спомен обележјето Обелиск на борците од НОБ, кое се наоѓа на старите градски гробишта, до вечните почивалишта на борците од Гостивар и гостиварско, а потоа положија букет цвеќе.
Преку реферат се потсетија на значењето на празникот, со акцент на учеството на борците од гостиварското подрачје.
„Во текот на НОБ од Гостивар и гостиварско своите животи ги дадоа 322 борци и 158 жртви во борбите за слобода од сите националности, Македонци, Албанци, Турци и други. Гостивар и гостиварско дадоа пет народни херои, Чеде Филипоски Даме, Панче Попоски, Видое Смилевски Бато, Тихомир Милошески Тиќо и Злате Малакоски. Во нивна чест и во чест на сите паднати броци во текот на НОБ во Македонија го посветуваме ова одбележување на 11-ти Октомври“, подвлече професорката по историја Светлана Јовановска.
Младите велат дека им претставува чест и задоволство кога се вклучуваат во одбележувањето на значајните историските датуми.
„И покрај тоа што е пандемија, ние го одбележуваме овој светол празник од македонската историја, секако со почитување на протоколите“, рече ученикот Методија Наумчески.
Годинава се одбележуваат 79 години од почетокот на народното востание, кое македонскиот народ го крена против фашистичкиот окупатор.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила