Вести
Профункционира „One stop shop“ на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане

Само со едно застанување на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане меѓу Македонија и Албанија од денеска се вршат граничните формалности и царинските контроли во рамките на концептот „One stop shop“. На официјалното отпочнување на проектот присуствуваа премиерите на двете држави Димитар Ковачевски и Еди Рама, првиот вицепремиер Артан Груби и вицепремиерката на Албанија и министерка за инфраструктура, Белина Балуку, како и министри од двете влади, пратеници….
Воспоставениот едношалтерски систем за заеднички контроли на македонска и албанска страна, според премиерите на двете држави, ќе значи олеснување на трговијата транспортот и протокот на патници.
„Со ова се олеснува работата на 11 илјади компании од нашата држава, кои се ориентирани кон извоз и трговија со други држави. На овој начин означуваме полесен пристап до пристаништата и до туристичките места во Албанија, меѓутоа и до туристичките места во Северна Македонија. Најубавите се тука, токму на неколку километри од овој граничен премин“, рече Ковачевски.
Тој уште еднаш го повтори ставот дека на Балканот не му требаат граници и оти соработката со Албанија и Србија е на исклучително високо ниво. Со отпочнување на иницијативата Отворен Балкан, нагласи, дека трговската размена со Албанија е зголемена за 40 отсто, додека со Србија за 50 проценти, што според него, е бенефит, и е од интерес и на граѓаните и на компаниите.
„Ние не застануваме тука. Она на што веќе се работи е комплетно нов Коридор 8 во двете држави. Тоа е нешто што во наредните пет години ќе стане реалност. Ако карактериситка на инфраструктурата меѓу Северна Макеоднија и Алабанија беше дека не постоела, сега за пет години ќе имаме најдобра инфраструктура на Балканот. коридорот 8 успеавме да го ставиме на мапата на транс европските коридори и работиме на проекти за изградба на железничка пруга меѓу Северна Македонија и Албанија, односно од Кичево до Лин. Тоа ќе овозможи и реализација на она што веќе сме го договориле, а тоа е на пристаништето во Драч да има и суво пристаниште во Струга, што ќе има огромни позитивни ефекти врз компаниите во Македонија“, истакна Ковачевски.
Имплементацијата на „One stop shop“ и за албанскиот премиер Рама е важен момент, бидејќи, како што рече, се олеснува преминувањето на границата.
„Овој е важен момент затоа што конечно значително го олеснуваме преминот и даваме дополнителен поттик не само на трговската размена, туку и на развојот на односите во целост, без да го заборавиме развојот на туризмот. Албанија оваа година доживува голем инпакт на трансформирање на својот имиџ и како никогаш претходно флуксот на туристите, а и на бројот на инвеститорите во туризмот е многу охрабрувачки“, рече Рама.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!