Македонија
Прогласена епидемија на морбили на целата територија на земјава

Комисијата за заразни болести донесе одлука за прогласување на епидемија на мали сипаници на целата територија на државата.Одлуката следува по секојдневниот пораст на бројот на заболени од морбили.
Прогласување на епидемија во цела држава значи воведување на поригорозни мерки и контроли за проверка на вакциналните картони и забрани за забрана за прием на невакцинирани деца во училиштата и градинките. Забранети се посети во болниците, здравствените работници треба да се вакцинираат со двете дози на МРП и намалена е возраста на бебињата за прва доза вакцина од 12 на 6 месеци.
На инфективната клиника хоспитализирани се 55 пациенти, од кои неколку се во критична состојба. На Клиниката за детски болести, лежат 15 деца со мали сипаници, од кои три се во потешка состојба.
Во земјава има скоро 1.000 заразени од морбили. Последниот податок за Гостивар е дека има 17 случаи на мали сипаници.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести