Македонија
Прогласена кризна состојба во дел од земјава заради ризик од илегална миграција во пандемија

Владата на вчерашната седница донесе Одлука за постоење кризна состојба на дел од територијата на државата (јужна и северна граница), почнувајќи од 1 април 2021 година, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање мигранти, како и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на пандемија.
„Во врска со оваа одлука Владата донесе заклучок да се информира Претседателот на Република Северна Македонија и Собранието на Република Северна Македонија, и заклучи да му предложи на Претседателот на Република Северна Македонија да донесе одлука за учество на дел од припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во справувањето со кризната состојба. Владата му препорача на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да започне со подготовка на акциски план за превенција и справување со ситуацијата на подрачјата на јужната и северната граница на Република Северна Македонија, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување, а Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, со сите останати засегнати државни институции, да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои може да се стават во функција на справување со кризната состојба.“, соопшти владината прес служба.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо