Гостивар
Производи кои биле измислени за сосема друга намена, а денес тешко дека би можеле без нив

Постојат некои производи кои се користат денес, но не за она за што првично биле наменети.
Пронајдоците понекогаш, колку и да изгледаат брилијантно направени или измислени, не секогаш успеваат нивната најдобра употреба да биде откриена на почетокот на „кариерата“ …
Така е и со овој мал список на производи за кои пишуваме. Наведените производи првично се осмислени и наменети за една потреба, за подоцна со тек на времето докажат дека се многу поефикасни за нешто друго, што го потврдува нивниот огромен успех на пазарот.
WD-40
Основачот на Rocket Chemical, Др.Норм Ларсен во 1953 се обидувал да направи течност што ќе го спречи ‘рѓосувањето на нуклеарните ракети. За време на Студената војна, американската влада се плашеше дека нејзиниот арсенал нема да работи најдобро токму тогаш кога ќе биде потребно. Спрејот WD-40 бил 40-ти на листата на превентивни против ‘рѓа, а подоцна се покажал како најдобар и најефикасен. Дури и денес, WD-40 се купува за подмачкување на велосипедскиот ланец, запечени шрафови, врати, итн.
Вијагра
Група научници од лабораторијата „Пфизер“ во Кент го произведоа лекот „Силденафил“, за лекување на ангина. Клиничките тестови во Свонси покажале дека овој лек нема никаков ефект врз срцето и ангината, но на има на „друг човечки орган“. Благодарение на брзата идеја на одделот за маркетинг, виаграта за брзо започна да се продава низ целиот свет. Во 2008 година, Пфизер продадоа вијагра во вредност од скоро 2 милијарди американски долари. Но, патентот за вијагра протече во Европа, па така сега различни компании ги продаваат своите верзии за таа секс пилула.
Фолија со воздушни меурчиња
Инженерите од New Jersey измислиле фолија со воздушни меурчиња во 1957 година со поставување на туш завеса оставајќи воздушни меури меѓу нив. Нивната цел била да создадат нови тапети, идеја која не била прифатена. После тоа, тие станаа нешто поуспешни во продажба на фолија со воздушни меурчиња како изолација за стакленици. Но, на крајот, искусија вистински успех кога продадоа фолија со воздушни меурчиња на IBM за пакување компјутери. Sealed Air Corporation буквално процвета по „компјутерскиот бум“ на продажба на персонални компјутери.
Опругата Slinky
Инженерот Ричард Џејмс работел во Филаделфија во 1943 година на опруга што може да ги држи стабилни чувствителните инструменти на бродовите за време на невреме. Случајно една од опругите му паднала од столот и видел интересен ефект. Потоа, опругата Slinky беше продадена како играчка во 300 милиони примероци. Исто така, за време на војната во Виетнам користена е како преносна радио антена, но и како музички инструмент во изведбата на „Звуците на Венеција“ на Cон Кејџ.
Кока Кола
Кока Кола е еден од најпопуларните брендови и најпопуларен пијалок во светот денес, направен од вода, десет лажички шеќер, фосфорна киселина и карамела додаток E150d. Првично Кока Кола е произведувана како лек. Пронаоѓачот Џон Пембертон успеал да продаде чаша Кока Кола за пет центи како лек против зависност од морфиум, главоболка и импотенција. И само неколку децении подоцна, Кока кола е безалкохолен пијалок за кој сите знаат.
Хартиени марамчиња
Во текот на раните деведесети, Кимберли-Кларк произведе нова санитарна крпа на Котекс, која не беше успешна на пазарот. После тоа измислена е Kleeenex, ладна крпа за еднократна употреба со крема, дизајнирана и користена од жените за отстранување на шминка. Рекламирањето започна во 1925 година како „тајната со која славните личности ја одржуваат својата кожа убава“. Кога истиот тој производ започна да се продава како марамче за нос, се постигна голем успех на светскиот пазар.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар