Поврзи се со нас

Македонија

Производството на кокаин на рекордно ниво – Марихуаната најраспространета во светот

Објавено

на

Производството на кокаин достигна од 2017 година до денес, највисоко ниво досега, а хероинот во Западна и Централна Европа се шверцува првенствено од Авганистан преку Балканот. Тоа се нагласува во годишниот извештај за наркотици на Канцеларијата на ОН за борба со дрога и против организираниот криминал (UNODC), пишува Blic.rs.

Ширум светот во 2017 година околу 271 милиони луѓе користеле наркотици, и околу 35 милиони повеќе отколку што се очекуваше, се зависни од наркотици и биле под медицински третман поради наркотици.

Бројот на луѓе кои користат наркотици остана на исто ниво во споредба со претходниот извештај, но во споредба со 2009 година се зголеми за 30 проценти.

Канабисот е најшироко распространета дрога во светот, се вели во извештајот – 188 милиони луѓе го користеле во 2017 година. Додека бројот на корисници на канабис остана стабилен во последната деценија, намален е бројот на запленет канабис.

Околу 53,4 милиони луѓе, или 56 проценти повеќе отколку во 2016 година, користеле опиоиди како што се хероин и опиум. Овие дроги се повеќе популарни и се причина за две третини од 585.000 лица кои во 2017 година, починаа поради дрога.

Синтетичката дрога „Фентанил” се наведува како една од причините за смртта на многу зависници во САД, и се додава дека во Европа се зголемува пазарот за таа дрога.

Што се однесува до производството на кокаин, во 2017 година се произведени 1.976 тони – повеќе од кога било. Во извештајот се наведува 70% од кокаинот се произведува во Колумбија. Според извештајот, 18.1 милиони луѓе ја користеле таа дрога – најголеми зависници се во Северна Америка и Океанија. Кокаинот кој влегува на европскиот пазар потекнува од Перу, Боливија и Колумбија.

Хероинот, најчесто, преку балканските земји се транспортира до Западна и Централна Европа, а набавуван е главно во Авганистан, од каде што се шверцува преку Иран и Турција до балканските земји.

Даркнет е главно место за трговија со наркотици на интернет, но ја заггуби својата популарност поради многуте полициски акции.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 1 час

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 3 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 5 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 5 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 7 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 8 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 9 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 11 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена