Рецепти
Пролетна освежителна салата со јаболко и спанаќ

Комбинацијата од млад спанаќ, јаболко и ореви дава освежување и енергија и е одличен избор за оброк или додаток во пролет. Уште кога ќе додадете и малку фета сирење, оваа пролетна салата станува совршена.
Состојки:
1 рака млад спанаќ
1 јаболко, исечено на тенки парчиња
1 лажица исецкани ореви
30 гр. фета сирење
маслиново масло
сок од лимон, сол, бибер
Подготовка:
Најпрво, измијте го спанаќот и исечете го јаболкото на тенки парчиња. Додадете ги оревите и издробено фета сирење. Посолете и додадете бибер. Измешајте го маслиновото масло и сокот од лимон во дресинг, а потоа прелијте го врз салатата. Измешајте и послужете. Лесно и брзо имате чинија полна железо, витамини А, Ц, К и фолна киселина од спанаќот, протеини и омега-3 масни киселини од оревите и растителни влакна, витамин Ц и антиоксиданси од јаболкото.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог