Поврзи се со нас

Гостивар

Пролетно уредување на зеленилото во Гостивар

Објавено

на

Во Гостивар периодов течат активностите за пролетно уредување на јавните зелени површини. Екипите на Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило моментално работат на раззеленување на појасите на кружните текови, додека претходно ново зеленило добија дворните места пред колективните станбени згради на повеќе локации низ градот.

Површините се оплеменуваат со нови дрвца, цвеќе, декоративни садници. Освен што е убаво за око, повеќе зеленило значи почист воздух.

„Пролетното уредување започна пред околу три недели и најпрво без опфатени површините околу станбените згради, а екипите сега работат на кружните текови. Се стремиме да имаме што повеќе зеленило, за да ни биде поубав и почист градот. Добро е што сега поретки се случаите на уништување на зеленилото, и тоа го прават несовесни поединци, а нашиот апел секaко е да се чуваат и да не се уништуваат зелените површини“, рече Беким Челебиу, директор на ЈП за паркинзи и зеленило.

Ново зеленило и дрвца ќе има и во големиот градски парк.

Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило е надлежно за уредување и одржување на вкупна зелена површина од 700 илјади метри квадратни, од кои 390 во Гостивар и 310 низ околните села. За оваа намена на годишно ниво се трошат од 5 до 8 милиони денари, а финансиските средсва се обезбедуваат со поддршка на гостиварската локална самоуправа.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена