Поврзи се со нас

Вести

Промени на директорските места во неколку училишта на подрачјето на Гостивар

Објавено

на

Откако второстепената комисија ги укина именувањата на директори во повеќе училишта на подрачјето на општина Гостивар, кои беа направени од градоначалникот Арбен Таравари, Министерството за образование ќе ги врати претходните директори или ќе постави вршители на должност.

– Со спроведувањето на решението од второстепената комисија работите се враќаат во претходната состојба. Таму каде што ќе биде утврдено дека на директорите им истекол мандатот, ќе бидат назначени вршители на должноста, информираат од Министерството.

Градоначалникот на Гостивар вели дека оваа одлука исто како и одземањето на надлежностите има политички мотиви.

„Ова назначување на директори ми личи на времето на Милошевиќ кога во Косово ги назначуваше тие Албанци кои се прикладни за власта, па така и Заев со министерот за образование одлучија во Гостивар насилно да назначуваат Албанци кои се прикладни за власта“, изјави Таравари.

Министерството за образование пред еден месец му ги одзеде надлежностите на градоначалникот за именување и разрешување на директори на општински основни и средни училишта. Во решението за одземање на надлежностите стои дека Таравари ги прекршил законите за основно и средно образование и не постапил по укажувањата на инспекциските служби за отстранување на неправилностите. Таму се наведени средните училишта: гимназија, медицина и техничко и основните во селата Дебреше, Србиново, Форино и Вруток и ОУ „Исмаил Ќемали“ во градот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена