Македонија
Промени во лекарските упати: Се воведуваат „Итен 24“ и „Упат без термин“

Од следната недела приоритетните упати кои се издаваа до сега, ќе се заменуваат со нови: Итен 24 и Упат без термин.
Упатот Итен 24 упат ќе се издава за пациенти кои имаат итна, животозагрозувачка состојба и ќе биде со рок од 24 часа. „Упат без термин“ ќе биде со важност од 7 дена и ќе биде наменет за пациенти кои има потреба од преглед, а во установата каде што се упатуваат нема слободни термини во следните седум дена за регуларен преглед.
-Причините за кои ќе се користи „Упат без термин“ се:препорака за боледување, препорака за користење хронична терапија, препорака и издавање ортопедски помагала, остварување право на Биомедицинско потпомогнато оплодување, остварување други права за кои е потребно мислење од специјалист, супспецијалист, конзилиум на лекари, и преглед, аплицирање терапија, која не може да трпи одложување“, рече Жаклина Чагоровска од Управата за електронско здравство.
Новина се воведува и во болничкото работење, според која отпусното писмо задолжително ќе се издава на денот на испишување на пациентот од болница, односно најдоцна во рок од 24 часа. Доколку за пациентот се чека хистопатолошки наод се издава отпусно писмо со работна дијагноза, а по добивање на резултатите и отпусно писмо со конечната дијагноза.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?