Поврзи се со нас

Гостивар

Променливото време ризик: Над 100 пациенти на Итна помош во Гостивар за 24 часа

Објавено

на

Медицинарите периодов имаат полни раце работа. Променливите временски услови со продолжени дождливи денови какви што беа претходните јунски и наглите температурни разлики носат ризици по здравјето на граѓаните. Во службата за Итна медицинска помош при Здравствениот дом во Гостивар, во едно деноноќие за лекарска помош се обраќаат по повеќе од сто пациенти. Маките им се различни: од отежнато дишење и висока температура до тешкотии поради покачен притисок.

„Променливото време е ризик за здравјето и сите граѓани треба да си обрнат поголемо внимание. Особено тие со хронични болести. Децата се најчесто со висока температура, но последните денови има и со дијареја и повраќање. Таквите вирози кои даваат стомачни тегоби се очекувани во летниот период. Алергиите исто така, се актуелни периодов, а тие се манифестираат со отежнато дишење, ниска сатурација и слични проблеми со респираторниот систем.“, вели докторката од Итна помош, Анифе Ејупи Мифтари.

Искуството на здравствените служби покажува дека пациентите кои се ставени на редовна терапија поради зголемен крвен приситок, честопати не ја земаат, па ноќе со тегоби завршуваат на инекција на Итната помош.

„Имаме доста возрасни пациенти кои доаѓаат за помош со многу покачен крвен притисок. И тоа, многу од нив имаат препишана редовна терапија од специјалист, но не ја земаат. Некои забораваат, некои велат немале пари да ги набават апчињата, ако се од тие што одат на приватно“, вели докторката нагласувајќи дека е исклучително важно хронично болните да ја примаат својата терапија за да не доаѓа до компликации.

Како превентива за зачувување на здравјето се препорачува полесна и здрава храна, избегнување на обилни оброци и брза храна, како и физичка активност според можностите и кондицијата.

Во летниот период кога настапуваат екстремно високите температурите, лекарите очекуваат уште поголема бројка на пациенти кои се обраќаат за брза помош, која вообичаено се движи од 150 до 170 во деноноќие.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 6 часа

Што би се случило доколку светот остане без интернет?

Македонијапред 6 часа

Кривични за злоупотреба на имиња на познати лекари во реклами за чаеви

Гостиварпред 8 часа

Што прво би направиле ако станат градоначалнички на Гостивар? Одговараат советничките Нешковска и Ќироска

Гостиварпред 11 часа

Приведен маж во ПС Гостивар за напад врз поранешната сопруга

Македонијапред 11 часа

За 30 % поевтин роаминг за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028-ма година цените се изедначуваат

Гостиварпред 13 часа

Возило удрило во електричен тротинет, гостиварец тешко повреден

Македонијапред 13 часа

До 6-ти ноември трае Конкурсот за поддршка на проекти од културата за 2024 година

Гостиварпред 14 часа

(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки

Вестипред 15 часа

Дваесетина загинати во автобуска несреќа близу Венеција

Гостиварпред 3 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Почина нобеловецот со гостиварско потекло Ферид Мурад

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена