Поврзи се со нас

Култура

Промоција на новото книжевно дело на Александар Михајловиќ во Гостивар

Објавено

на

Збирката кратки раскази „Светлината на светот“, најново книжевно дело на гостиварецот Александар Михајловиќ, вчеравечер беше промовирано пред читателската публика во Гостивар. Свој осврт, како промотор, на настанот даде поетесата Билјана Дејановска, која го напиша и поговорот на книгата.

„Кратките раскази на Александар Михајловиќ се всушност приказни за секој човек, за секојдневието што не можеме да го разглобуваме, а врие од нас. Кај него мостовите стануваат метафора за сеопфатно поврзување, меѓу себеси и читателот, меѓу прозаистот и поетот во себе. Подеднакво успешно функционираат и лирските и раскачувачките елементи, а неговата раскачувачка техника е едноставна и нема тема што не може да ја премости со леснотија:стравот од личен неуспех, себеиспитување и себеобвинување, начинот на кој саканата ја преместува косата или инаугурацијата на некој безимен претседател“, истакна Дејановска.

Авторот во своето обраќање изрази благодарност до сите вклучени во создавањето на книгата, порачувајќи младите кои се посветени на пишување секогаш да веруваат во себе.

„Книгата решив да ја посветам на сите млади поети, писатели да веруваат во себе и во тоа што го творат. Оваа збирка раскази ја создавав последните две години, тие се кратки, но ефективни раскази со длабоки пораки до читателите. Краткиот расказ последниот период доживува ренесанса, не само овде кај нас, туку и во светски рамки, и затоа решив ова мое дело да биде поинакво од претходните, од мојата најголема љубов, поезијата.“, рече Михајловиќ.

На промоцијата дел од расказите прочитаа Ева Дејановска и Симона Филипоска. Уредник на изданието е Татјана Гогоска, лектурата ја направи Габриела Петроска, а графичкото уредување Едона Османи.

Издавањето на книгата е поддржано од Министерството за култура.

Александар Михајловиќ е роден во Гостивар, 1971 година. Работи како наставник. „Светлината на светот“ е прва негова книга со прозни дела. До сега има објавено две стихозбирки: „Алтани и други“ и „Помалку измамени“. Добитник е на награди и признанија за поезија во земјава и странство, а негови песни се застапени во повеќе антологии и збирки.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена