Гостивар
Промотивен настан на плоштадот во Гостивар за важноста на вакцинацијата

На градскиот плоштад во Гостивар денеска беше организиран промотивен настан посветен на важноста од имунизација и редовното вакцинирање. Настанот го организираше гостиварскиот Здравствен дом, во соработка со Црвениот крст, а во рамки на Европската недела на имунизација.
Беше поставен штанд на кој медицински лица и волонтери на граѓаните им делеа брошури со едукативна содржина и ги запознаваа со придобивките од имунизацијата.
„Имунизацијата е еден од најголемите успеси во историјата на медицината и една од најзначајните здравствени инвестиции во здравството. Вакцинацијата претставува единствената превентивна мерка која е достапна за болести за кои не постои познат лек. Освен то, вакцинацијата против бактериски инфекции служи како средство за намалување на зависноста од антибиотици и за ублажување на појавата на антибактериска резистенција.“, се наведува меѓу другото во брошурата што беше поделена.
Оваа година Европската недела на имунизација се одбележува под мотото „Имунизацијата придобивка за сите“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос