Поврзи се со нас

Македонија

Промовиран првиот дигитален асистент во јавниот сектор АДА

Објавено

на

    Од денеска почна со работа првиот дигитален асистент во јавниот сектор-АДА, базиран на вештачка интелигенција, преку којшто компаниите ќе можат да добиваат целосни информации за условите за инвестирање во земјава и државната помош што се нуди со што Северна Македонија станува дел од глобалните дигитални светски трендови.

    На презентацијата присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и директорот на Фондот за инвестиции и технолошки развој, Фестим Халили.

    -Нашата држава ги следи светските процеси и веќе е дел од бранот на нови, модерни, дигитални трендови, коишто го зафаќаат секој аспект на нашето живеење и наједноставно може да се каже дека да, доаѓа АДА, што е првиот дигитален асистент некогаш направен во Владата на нашата држава, рече премиерот Ковачевски.

    Тој истакна дека АДА ги нуди сите информации за финансиска поддршка од страна на државата, а ќе се надоградува и со други услуги од важност за деловниот сектор и граѓаните. Преку тоа, нагласи тој, ќе влијаеме на зголемување на транспарентноста на сите институции, но и на намалување на корупцијата и елиминирање на човечкиот фактор во процесите. Воведувањето на овој прв дигитален асистент, според Ковачевки, ќе значи забрзување на процесите на давање услуги на заинтересираните граѓани и претставниците на компаниите, коишто ќе можат да бидат услужени во неограничен број и тоа постојано, во текот на 24 часа.-Светските трендови се развиваат во правец на развивање и се поголема примена на вештачката интелигенција, која е навлезена во сите сфери од живеењето, преку склопување на машини и модернизација на процесот на производство, се до помош во домовите, па дури и создавање на дела и креации кои порано биле можни единствено со помош на човекот. Можностите кои ги нуди вештачката интелигенција се неограничени. Употребата на вештачката интелигенција и компјутеризацијата се пресликува и применува и во јавната сфера, како и во работењето на нашите институции, рече Ковачевски, наведувајќи дека по онлајн плаќањето на сметките и вадењето на лични документи по електронски пат, во моментов се работи и на електронски ИД за граѓаните на земјава.

    Директорот на ФИТР истакна дека проектот финансиран од Фондот по спроведен избор на објавен повик вреден девет милиони денари и изработен од домашната компанија, е само почеток на иницијативите од овој вид кои ќе нудат поефикасна комуникација со домашни и меѓународни компании заинтересирани за инвестиции.-Фактот што досега имаме кофинансирано над 66 милиони евра и над 30 милони евра од самите компании кои се наши корисници за развој на преку 1000 проекти и 1,5 милони евра за развој на три акцелартори кои оперираат во нашата држава јасно говори дека ФИТР е институција која е меѓу водечките мотори на развојот на државната економија и поддршката на бизнис екосистемот во државата, рече Халили.Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу истакна дека во поддршка на процесот на дигитализација на сервисите во јавната администрација Министерството подготвува неколку национални стратегии меѓу кои и стратегијата за ИКТ, како и за сајбер безбедност, а формирана е и работна група за креирање на Агенција за дигитализација која ќе ги имплементира тие стратегии.

    Вицепремиерот Битиќи, кој и официјално ја стартуваше примената на првиот дигитален асистент – АДА, истакна дека таа е одговор на Извештајот на Стејт Департментот за борба против корупцијата кој се однесуваше на делот за делење државна помош и поддршка на инвестиции каде се наведува дека транспарентноста е клучна за сузбивање на појавата на корупција и дека елиминацијата на истата треба да биде императив на Владата. -Вториот предизвик што беше личен, како претседавач на Советот за стартап екосистемот беше како да им помогнеме на домашните компании навистина да покажат тоа што го знаат и резултатот е АДА – креирана од домашна стартап компанија – Кодвел, рече Битиќи.

    АДА ќе биде достапна 24 часа (ada.gov.mk), ќе може да услужува неограничен број корисници во исто време, и ќе дава исти информации за да се исклучи манипулација со тие информации. Во прво време таа ќе нуди информации за граѓаните и потенцијалните инвеститори при што ќе биде достапна на веб страниците на Владата, ФИТР, ТИРЗ и Инвест Македонија. Една од главните услуги е презентација на РСМ како поволна бизнис дестинација, а ќе може да препорача и персонализирана финансиска поддршка. Таа ќе креира и извештај за инвестирање за мерките од интерес кој му се испраќа на потенцијалниот инвеститор и ќе се користи како почеток за преговори, а до вработените во Владата ќе испраќа подготвени профили за инвеститорите.Потенцијалите на проектот се огромни, а во наредните фази АДА ќе може да се интегрира во другите институции за давање услуги како во Царинската управа, е -услуги итн. 

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Магазинпред 4 часа

    Зошто се кршат јајца на Велигден и што симболизира тоа?

    Македонијапред 6 часа

    Вработените во културните установи без мартовска плата, реагира Синдикатот на култура

    Македонијапред 8 часа

    Од денеска задолжително објавување на цените на веб-страниците на трговците

    Гостиварпред 9 часа

    Ноќеска во Гостивар лишено од слобода лице поради кражба на мотор

    Гостиварпред 10 часа

    Изнесена Светата Плаштеница во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

    Македонијапред 11 часа

    Еден починат од СИДА, еден нов случај и три нови позитивни на ХИВ во март во земјава

    Македонијапред 12 часа

    Викенд временска прогноза

    Светпред 14 часа

    Велики петок – Денот на Христовото распнување, најтежок христијански празник

    Културапред 1 ден

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 6 дена

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 7 дена

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Спортпред 4 недели

    Гостиварецот Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Македонијапред 3 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Гостиварпред 3 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Магазинпред 1 недела

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 3 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Популарно изминативе 100 дена