Поврзи се со нас

Македонија

Промовиран веб-сајт за рано предупредување за исчезнати деца najdime.org.mk

Објавено

на

Веб – страницата за рано предупредување за исчезнати деца najdime.org.mk, која ќе биде достапна на македонски, албански и ромски јазик и е поддржана од Министерството за внатрешни работи, беше презентирана денеска на завршната конференција на „Пилот – проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца“.

Главна цел на проектот е да се подобрат постоечките пристапи и да се изнајдат нови методи за превенција, истрага и ублажување на трговијата со луѓе и деца, како и заштита или зајакнување на правата на засегнатите преку размена на искуства и стекнување нови знаења. Проектот го спроведуваше Граѓанската организација Новинари за човекови права, во соработка со партнер организацијата ЕКПАТ – Австрија во периодот од 1 јули 2021 година со финансиска поддршка од австриското Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.

Министерот за образование Јетон Шаќири на отворањето на конференцијата истакна дека исчезнувањето на личност без трага секогаш предизвикува огромна загриженост и страв кај членовите на семејството, пријателите и познаниците, чувства кои заедно со она најизразеното во моментот – беспомошноста, може да доведат до избрзани и непромислени постапки.

-Најсилни се емоциите кога исчезнува дете и затоа, не постои дилема дали државата треба да има систем за рано предупредување за исчезнати деца, рече Шаќири оценувајќи дека добро е што првиот чекор е направен.

Изрази надеж дека оваа првична верија на системот што денеска ќе биде презентиран ќе биде ефикасен посочувајќи дека сите треба да се заложиме во иднина тој континуирано да се надградува, особено со примена на позитивни искуства од развиените земји.

Шаќири потенцира дека образовниот систем има важна улога во раното предупредување за исчезнати деца и дека Министерството за образование и наука го става на располагање сиот свој капацитет во развојот на овој систем.

-Сите поминуваат низ системот на образование, а тој игра клучна улога во раното откривање на исчезнати деца. Наставниците и училишниот персонал често се првите што забележуваат кога детето е отсутно или пак детектираат кога тоа е во некаков ризик, кој се манифестира преку неговото однесување, изглед и слично. Од друга страна пак, токму во училиштата и преку наставата и воннаставните активности, децата се запознаваат со потенцијалните опасности кои ги демнат. Така ќе биде и понатаму. Едукативните содржини поврзани со оваа тематика, веројатно ќе стануваат сè позастапени, рече Шаќири.

Додаде дека МОН ќе продолжи да се заложува за унапредување на безбедноста на учениците, не само во рамки на училишните објекти, туку и надвор од нив, заедно со другите надлежни институции како МВР, но и локалните самоуправи, самите училишта и партнерските организации.

Помошникот за односи со јавност на министерот за внатрешни работи, Тони Ангеловски, на конференцијата истакна дека безбедноста во државата не е само работа на полицијата, и нагласи дека сите мораме да придонесеме заеднички за да имаме побезбедна држава.

Ова е класичен пример на соработка со граѓански организации којашто ќе придонесе за поголема безбедност. Се разбира, ние работиме континуирано за воведување на овој систем и мора да се поминат сите чекори за да може да се имплементира во целост. Она што денеска се презентира е она што е сработено досега, а продолжуваме и натаму интензивно да работиме за да биде финализирано до крај, рече тој.

На Конференцијата беше истакнато дека исчезнувањето, ризиците за исчезнување на децата како тренд во модерното општество, насилството, дали се работи за онлајн насилство, физичко насилство, психичка злоупотреба, се предизвици коишто широко ги засегаат сите чинители, меѓутоа најповеќе децата како најранлива категорија.

Еден сегмент од проектот е посветен и на маргинализираните групи, односно децата Роми и децата коишто доаѓаат од семејства во социоекономски ризик, односно за зајакнување на капацитетите и препознавање на предизвиците кај овие ранливи категории.

Организаторите појаснија во врска со функционирањето на системот дека секој и од секаде може да пријави исчезнато лице. Пријавата не се гледа во јавност, ИТ лицата кои стојат зад веб – страната ги разгледува податоците и ги пријавува во МВР. Потоа се чека повратна информација од МВТ и се објавува исчезнатото лице.

На настанот беа промовирани и останатите постигнувања од проектните активности во изминатите две и пол години, препораките до институциите, а со сите засегнати чинители, претставниците на институциите, бизнисите, експертите, ќе се дискутира и за бенефитот од размената на искуства, олеснетата меѓуинституционална размена на информации и поддршката на системот за алармирање за да се намали ризикот од исчезнување на децата и да се забрза процесот на наоѓање.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена