Поврзи се со нас

Култура

Промовирана новата книга поезија од гостиварецот Хазири

Објавено

на

Вчеравечер во киното „Култура“ во Скопје се одржа промоцијата на поетската збирка „Кога љубовта се троши како креда“ од гостиварецот Лулзим Хазири. За стиховите на Хазири зборуваа академик Луан Старова и Салајдин Салиху, рецензент на книгата.

„Хазири е поинаков глас во албанската поезија, тој ѝ ги носи урбаната чувствителност, третирањето мотиви што се среќавале во светската книжевност, но не беа толку присутни во албанската книжевност“, наведе Салиху.

Стихозбирката содржи преводи на шеесетина песни на македонски јазик поместени во девет циклуси, а е во издание на издавачката куќа „Готен“. Преводот на песните од албански на македонски јазик е на Линдита Ахмети.

Поезијата на Хазири е преведена на неколку јазици, англиски, француски, романски, хрватски и на македонски јазик, застапена е во неколку национални и странски антологии. Наречен е „поетот созреан со рокенрол, кој стои од другата страна на нормите“ (M. Лимани).

Лулзим Хазири е роден 1962 година во Гостивар. Досега објавил четири збирки поезија и две книги со есеи и колумни.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена