Поврзи се со нас

Култура

Промовирана првата книга на младата гостиварка Анастасија Лефкоска

Објавено

на

Деветнаесет годишната Анастасија Лефкоска од Гостивар дебитира пред читателската публика со новелата под наслов „Сe’ она што никогаш не можев да ти го кажам“. Книгата излезе од печат неодамна, а денес беше промовирана во Гостивар, во просториите на Центарот за млади и заедницата.

Анастасија вели дека на подготовка на делото работела неполна година и ги сподели задоволството и радоста од издавањето.

„ Може да кажам дека приказната лично мене ми е многу важна и среќна сум што дојде до издавање на оваа книга. Новелата содржи еден вид љубовни дневици, а пораката што сакам да ја пренесам преку моето пишување е дека љубовта е посилна од се` , таа е најсилната маѓија што постои, која треба да си ја чуваме и негуваме.“, изјави младата писателка.

Книгата е во издание на Здружението Нов Вавилон од Битола, од кое за делото Лефкоска доби признание за афирмација на македонскиот јазик.

„Ликовите во дозиран емотивен наплив ја раскажуваат во прво лице својата љубовна сага и доколку ги издвоиме и соединиме поглавјата на два дела, спрема оној што раскажува, ќе добиеме два љубовни дневници кои се временски поврзани и безвременски недофатливи во вечниот обид да се зачува љубовта на парче хартија.Она што е карактеристично за главните протагонисти кои го чинат овој роман, е нивната карактерно-психолошка изграденост, од која што се добива впечаток дека ги познаваме од блиското соседство“, пишува за „Сe’ она што никогаш не можев да ти го кажам“, рецензентот Никола Илијовски.

Анастасија Лефкоска годинава заврши средно, а од наесен продолжува со високо образование. Пишува проза и поезија од најмала возраст и добитник е на повеќе литературни награди и признанија.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена