Култура
Промовирана стихозбирката на Слаѓана Брезовска
Објавено
пред 4 годинина

Викендов што измина (22.10.2016) во кафе пицеријата „ПИЈАНО ” во нашиот град се промовираше наградената стихозбирка на нашата сограѓанка Брезовска.
ГП: Поминаа само неколку дена од промовирањето на втората поетска книга насловена како „Бесмртно”, какви се вашите впечатоци?
Брезовска: Пред се’ би сакала да се заблагодарам на вашата екипа која будно ги следи случувањата од сите области во нашиот град и навремено ги информира гостиварци за актуелностите, на Гостивар му недостигаше информативен медиум како што сте вие.
Промоцијата се реализира според моите замисли и тоа ме прави дополнително среќна!
На едно место успеав да ги соберам почитувачите на поезијата,на убавото,на радоста за прославувањето на животот. За еден автор нема поголема радост од присутноста, укажаното внимание и читаноста! Присуството на околу шеесетина сродни души од кои дваесетина не беа мои сограѓани го дишевме истиот воздух таа вечер, беше магично.
Голема е бројката на луѓето кои од најразлични причини не успеаа да присуствуваат на мојата двојна прослава и со тоа дополнително ќе ми се продолжи среќата, прославувањето и дружбата.
Овој 22-ри Октомври ми беше и ќе остане незаборавен ден додека дишам. Од секој можен аспект сум исполнета и среќна!Впрочем тоа е и смислата на животот и секој од нас треба да си го дозволи (барем како еден ден), задоволство(то).
ГП: Ќе ни откриете ли нешто малку повеќе за содржината на вашата стихозбирка ?
Брезовска: Содржината во „Бесмртно” е едноставна животна комплексност, истовремено е и тивко и силно пеење за животот/љубовта, каде се разбира, неизоставен дел е (мојот) женскиот поглед на тоа.
На промоцијата издавачот на книгата, г-ѓа Десанка Николова во обраќањето пред присутните рече: „Бесмртно во кодот на женското писмо е лекција за животот и љубовта,поставувајќи ги и истовремено одговарајќи ги егзистенцијалните прашања “. Оние кои веќе ја имаат стихозбирката верувам дека во многу мои пеења веќе се имаат доживеано себеси. Без разлика дали читателот е од спротивен пол на мојот, ќе се пронајде, ќе егзистира, ќе трансцендира со душата во некоја од моите песни.
На последните страници од „Бесмртно” г-динот Тони Науновски многу мудро и поетски ги има дефинирано моите пеења во делот каде вели: „ Во бесконечниот круг, симбиозата без почеток и крај наречен бесмртно, ние го засновуваме животот, оној најдобриот, исполнет со чисти појави, без наносите од секојдневието кое е конечно. Во „Бесмртно“ на Слаѓана Брезовска ни е покажано како можеме да бидеме – бесмртни! ”
Искрено се надевам дека ќе допрам длабоко до секоја душа која ќе ја чита мојата стихозбирка.
ГП: За крај тие кои се уште ја немаат стихозбирката каде би можеле да ја купат?
Брезовска: Засега останува на тоа лично да ме контактираат со што би добиле и посвета. Ви посакувам голема читаност.

Спасени три животи до сега, лекарите се поклонија на девојката донор

Следете го во живо натпреварот Работнички – КК Гостивар (Livestream)

Замор, главоболка, меланхолија…Што се‘ дождот предизвикува кај некои луѓе?

Дуел на Работнички и КК Гостивар во СЦ Кале од 16 часот

Двајца гостиварци фатени со марихуана на улица во време на полициски час

Зачука ново срце кај младо момче, извршена втора трансплантација на срце во земјава

Пет намирници кои се особено корисни за консумирање овие денови

Регион на Гостивар денес со повеќе оздравени од новозаразени со коронавирус

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

КК Гостивар денеска му гостува на KK Вардар во Скопје

Нов Ултра леток на Ултра Маркети, заштедете до 48%

Детали од официјалното упатство за вакцината СПУТНИК – мерки на претпазливост, реакции…

МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ: Нова месечна акција (16.04.21 – 15.05.21)

Три дами од Гостивар откриваат како пандемијата им влијаеше врз животот

Денот што го чекавте! Отворени новите УЛТРА МАРКЕТИ во Гостивар, одлична понуда и квалитет, прифатливи цени

Во Албанија уапсен гостиварец баран од Интерпол

На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Гостиварпред 2 месеци
Земјотрес почувствуван во Гостивар
- Гостиварпред 3 месеци
Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…
- Гостиварпред 3 месеци
(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол
- Занимливостипред 2 месеци
Погледнете ги најинтересните и најчудни автомобили на светот
- Гостиварпред 4 недели
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
- Спортпред 3 недели
КК Гостивар денеска му гостува на KK Вардар во Скопје
- Гостиварпред 3 месеци
Водата од градскиот водовод во Гостивар забранета за пиење поради заматеност
- Гостиарскипред 2 месеци
Првата клапа на „Гостиварскиот Роки“ е снимена :))