Македонија
Пронајдено е уште едно тело во изгорениот автобус, рече обвинителот Јовески

Пронајдено е уште едно тело во изгорениот автобус, сопопшти денес државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
„Во изгорениот автобус пронајдено е уште едно тело на починат патник, коешто е пренесено во Институтот во Бугарија. Се работи за лице на помлада возраст. Со оглед на тоа, во несреќата настрадале 45 патници, а 7 се пренесени на лекување во софиската болница. Апсолутно сум уверен дека нема никаков сомнеж во пронаоѓањето на уште едно тело, затоа што од сликите што сами ги видовте, станува збор за големи оштетувања на автобусот. При соодветните вештачења во дел од автобусот е пронајдено уште едно тело. Според тоа, ја уверувам јавноста да нема никаков сомнеж во овој дел. Тоа ми го потврдија и обвинителите на Бугарија и треба да сметаме дека оовј факт е неспорен.“, рече Јовески.
Што се однесува до „осмиот патник“, Јовески изјави: „Осмиот патник го споменува само едно од повредените лица, додека документацијата покажува сосема нешто друго. Во евиденцијата на болницата се наведува дека на лекување се донесени седум патници. Во една таква трагична атмосфера, може секој да има различни забележувања на определени факти“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава