Поврзи се со нас

Гостивар

Пропаѓањето на Еуростандард им создава главоболки на гостиварци, со часови чекаат пред банките

Објавено

на

Пропаѓањето на Еуростандард банка создаде големи гужви пред останатите банки. Во Гостивар од почетокот на неделава, пред сите филијали на банките може да се забележат долги редици од граѓани. Поранешните клиенти на Еуростандард бараат чаре, час поскоро да си отворат трансакциска сметка на друго место. Во спротивно нема да можат да си ги добијат навреме платите, пензиите, социјалната помош и слично.

Пред вратите на банките се чека по неколку часа. Многу од граѓаните ставени на мака, се револтирани.

Гостиварката Мубера Зендели вели дека со денови талка по банките и чека со часови, поради што е приморана нејзината неподвижна мајка да ја остава дома сама на ризик. Полномошното кое и било издадено од Еуростандард не се признава во другите банки.

„Јас сум полномошник на мајка ми која има 84 години и е неподвижна. Зема пензија и надоместок за туѓа нега околу 4.400 денари. Полномшното што ми важеше за Еуростандард, сега ми викаат не се признава за другите банки. Вчера отидов во Халк банка, два и пол часа чекав само за да прашам. Кога влегов внатре ми рекоа дека овој документ не важи, ќе мора друг. После отидов во Стопанска и тука чекав уште час и половина. Значи толку време мајка ми дома, што е неподвижна ја оставив сама, а сешто може да се случи. На таков човек му треба хранење, лекови да му дадеш, секакви потреби има.“, кажува Зендели.

За да ги комплетира документите и извади полномошно кое важи во друга банка, гостиварката морала да се изложи на дополнителен трошок. „За ново полномошно мораше нотар да дојде дома, со оглед на состојбата на мајка ми. И тоа се наплаќа 1.200 денари, плус за заверка и другите процедури, платив околу 3.200 денари. Платив и ги подготвив сите документи, и пак денес чекам пред банката, а мајка ми е сама дома“, објаснува жената.

Ова е само еден пример од многуте врзани со новонастанатата состојба во банкарството. Освен нетрпение и нервоза, гужвите пред банките носат и потенцијален ризик од ширење на коронавирус.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 2 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 7 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 7 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 9 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 9 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 10 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 10 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 1 годин

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Огласи за работа:

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена