Здравје и убавина
Прополис – природен заштитник на здравјето

Прополисот е еден од најмоќните природни лекови, познат по своите лековити својства и позитивното влијание врз здравјето. Тој претставува природна и ефикасна заштита за усната шуплина, горниот респираторен тракт, желудникот и дебелото црево. Без разлика дали се користи во капки или спреј, неговите својства се исклучително корисни.
Прополисот е цврст пчелен производ кој настанува со преработка на растителен нектар. Има пријатен ароматичен мирис, а бојата му варира од жолто-зелена до темно кафеава. Пчелите го користат за пополнување на пукнатини во кошницата, заштита од штетни микроорганизми, ветер и одржување на влажноста во внатрешноста.
Зборот „прополис“ потекнува од грчкиот јазик, каде „про“ значи „пред“, а „полис“ значи „град“, што во превод означува „заштитник на пчелниот град“.
Состав на прополисот
Составот на прополисот варира во зависност од растенијата што ги посетуваат пчелите, сезоната, климатските услови и други фактори. Главните компоненти се восокот, поленот и смолите, а содржи и различни активни супстанции кои придонесуваат за зајакнување на имунитетот и заздравување на рани.
Прополисот во народната медицина
Прополисот се користи во народната медицина уште од античко време. Најчесто се применува за зајакнување на имунитетот, заздравување на рани, лекување на габични инфекции и ублажување на болки во грлото. Денес, тој е составен дел на многу лекови, додатоци во исхраната и функционални прехранбени производи.
Антибактериски и заштитни својства
Научните истражувања потврдуваат дека прополисот има силно дејство против бактерии, вируси на херпес и грип, како и против кожни габични инфекции. Покрај тоа, покажува антиинфламаторно и антиканцерогено дејство, а помага и во заштитата на желудникот и дебелото црево.
Особено е ефикасен при инфекции на горниот респираторен тракт, а има и значајна улога во здравјето на усната шуплина, непцата и забите. Со негова примена, забрзано зараснуваат раните – доволно е да се нанесе капка прополис два до три пати на ден.
Активните материи во прополисот спречуваат развој на анаеробните бактерии кои предизвикуваат периодонтитис – сериозна болест што може да доведе до губење на забите. Ова го прави прополисот одличен природен сојузник во зачувувањето на оралното здравје.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос