Гостивар
Проработе мерната станица во Гостивар – Загадувањето трипати над дозволеното!
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2019/12/80011270_445193056154435_7196039733888155648_n-1.jpg)
Мерната станица за квалитет на воздухот во Гостивар, од денес повторно го покажува нивото на загадување со штетни ПМ10 честички.
Министерството за животна средина и просторно планирање информираше дека по спроведена отворена постапка за доделување на договор за јавна набавка на 5 автоматски анализатори за мерење на суспендирани честички PM10 и на 5 системи за прибирање и обработка на податоци, во автоматските мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух Лисиче, Гостивар, Кичево, Велес 2 и Кавадарци инсталирани се нови мерни инструменти и истите се ставени во работен режим. Податоците од извршените мерења, од денеска се достапни за јавноста на веб порталот за квалитет на амбиентниот воздух: air.moepp.gov.mk.
Gostivarpress.mk пред неколку дена алармираше дека мерната станица, којашто е лоцирана во дворот на основното училиште „Гоце Делчев“ со месеци не го покажува аерозагадувањето.
Последните мерења од 17 часот покажуваат 162 микрограми на метар кубен, што е три пати над дозволената граница.
-
Гостиварпред 3 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград