Вести
Проработеа часовниците на Саат Кулата!

По две децении во дефект, часовниците на Саат Кулата во Гостивар повторно проработеа. Симболот на градот, отсега, освен значењето како културно-историско обележје, ќе си ја врши и функцијата, да го покажува времето.
Замената на механизмите на четирите часовници, поставени во најгорниот дел од Кулата, е проект на Конзерваторскиот Центар во Гостивар. Механизмите беа набавени од Србија, а на нивна монтажа се работеше во изминатите денови. За проектот, Министерството за култура издвои 520 илјади денари.
Часовниците денес во употреба заеднички ги пуштија градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта, државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехапи и директорот на Конзерваторскиот Центар во Гостивар, Аднан Фејзулаи.
Саат Кулата во Гостивар е изградена во 17 век. За време на реновирањето во 1834 година, пред влезната врата поставена е плоча со натпис во османлиско писмо, на која пишува дека донатор на објектот е Исмаил, Ага син на Џаци Јусуф Ага. Првично имала само механички часовник и камбана која со своите звуци ги означувала часовите. Дрвената конструкција, според кажувања на постари гостиварци, изгорела во Првата светска војна. Подоцна повторно била обновена.
За нејзина заштита и одржување актуелно се грижи Конзерваторскиот Центар во Гостивар.
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 2 месеци
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 3 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар во пресрет на Новата Година