Македонија
Проширување на „Мој термин“ или евентуално нова дигитализација, најави Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека се работи на проширување на „Мој термин“ или евентуално нова дигитализација.
- Ќе видиме која ќе биде дефинитивната одлука. На Македонија дефинитивно ѝ требаат сите здравствени установи да бидат во еден ист систем. Значи, приватни и јавни здравствени установи, меѓутоа фармации и сите други институции што се поврзани со здравството. Тука мислам и на ФЗОМ, така што ќе видиме, ќе разгледаме најдобри можни опции, дециден беше министерот, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на реновиарните простории на Универзитетскиот институт за радиологија.
Како што информираше тој, веќе се разговарало и за користење телемедицина – консултации од дистанца. За одредени прашања, појасни министерот, пациентот не мора да доаѓа на клиника, туку може да има одреден период кога докторот дава консултации од дистанца. Доколку има потреба, потоа докторот би го повикал пациентот и да го прегледа физички.
Директорката на Универзитетскиот институт за радиологија, доктор Соња Николова потврди дека како институција, имаат испратено неколку дописи до „Мој термин“ за настанат проблем, особено за итни пациенти кои доаѓаат во Ургентниот центар.
- Значи, немаме можност и да влегуваме во систем и да гледаме како се тие упатени, кој е проблемот со што доаѓаат кај нас, за да им се изврши одредена дијагностичка процедура. Се надеваме дека „Мој термин“ ќе покаже слух за овој проблем, затоа што, верувајте, за да се постави една дијагноза за состојбата на пациентот и тоа како ни се потребни информациите што доаѓаат однадвор – дали е тоа лабораторија, дали е тоа клинички преглед, дали се тоа други дополнителни иследувања, појасни Николова.
Министерот информираше дека најверојатно денеска ќе биде распишан нов тендер за компресорска станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Тој беше прашан и каде е заглавен процесот во врска со нови лекови на Позитивната листа.
- Не е заглавен воопшто. Со директорот на ФЗОМ сме во редовна комуникација, чекаме да се формира УО на ФЗОМ. На првиот состанок на УО ќе бидат поминати деветте лека што се веќе испратени од Министерството за здравство, а штом се помине таму, јас ќе ги потпишам истиот ден и ќе го промовираме и ќе го кажеме тоа, подвлече Таравари.
Министерот и директорката одговараа на новинарски прашања, по посетата на реновираните простории на Институтот за радиологија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог