Гостивар
Празнување на Балаклија во црквата Света Петка во Гостивар

Православните верници денес го слават празникот Источен Петок-Балаклија, посветен на Мајката божја и нејзините чуда. За верниците од Гостивар и гостиварско, традиционално централното одбележување на празникот се одвива во црквата Света Петка, каде утрово, беше отслужена света архиерејска литургија. Потоа беше извршен чин на осветување на водата, од која граѓаните земаа за здравје. Според обичаите на овој празник, верниците во црквата носат и даруваат велигденски јајца.
Источен Петок-Балаклија е првиот ден петок по празникот Велигден. Спаѓа во Светлата недела и со него се оддава признание на Пресвета Богородица, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. На овој ден се празнува обновувањето на храмот на Богородица во Цариград, наречен Живоносен Извор, поради чудотворниот извор со вода што се наоѓа во него. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите и ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград