Гостивар
Прослава на Балаклија во „Света Петка“ во Гостивар

Православните верници денес го одбележуваат празникот посветен на Мајката божја и нејзините чуда, Источен Петок-Балаклија, кој секогаш се слави на првиот ден петок по Велигден. Источен Петок-Балаклија спаѓа во Светлата недела и со него се оддава признание на Пресвета Богородица, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име.
За верниците од Гостивар и гостиварско, традиционално централното одбележување на празникот се одвива во црквата Света Петка, најстариот храм во градот, каде утрово, беше отслужена света литургија. Потоа беше извршен чин на осветување на водата, од која граѓаните земаа за здравје. Според обичаите на овој празник, верниците во црквата носат и даруваат велигденски јајца.
На Источен Петок-Балаклија се празнува обновувањето на храмот на Богородица во Цариград, наречен Живоносен Извор, поради чудотворниот извор со вода што се наоѓа во него. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите и ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите.
Освен во градската црква Св. Петка, православните христијани од гостиварско традиционално со црковно-народен собир го одбележуваат денот и во селото Долно Јеловце.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче