Поврзи се со нас

Гостивар

Прослава на Божик во Гостивар – Христос се роди, навистина се роди!

Објавено

на

    Централното чествување на големиот православен празник, Христовото Рождество-Божиќ во полошко, утрово се одржа во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар. Храмот собра голем број верници кои ја споделија радоста за раѓањето на Спасителот.

    Со светата Златоустова литургија чиноначалствуваше Митрополитот Tетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво.

    По завршувањето на литургијата, беше прочитано Божиќното послание на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во кое меѓу другото се вели:

    „Воплотувањето на Бога, во личноста на Господ Исус Христос, е настан со значење за сиот свет и за сите времиња. Преку тоа собитие, целото создание се преобразува, а на човештвото му се овозможува учество во божествениот живот и му се дава слобода преку победата над гревот и над смртта. А еден од даровите на тој спасоносен настан е потврдувањето на вистината дека секоја личност е посебна и неповторлива, обдарена со посебни дарови и таланти. Христијанството ја возвестува вистината дека секоја личност има непроценлива вредност пред Бога, Кој толку го возљуби човекот и светот што самиот себеси се понижи до таа мера да се роди во пештера, да прими лик на слуга, па дури и да биде распнат на Крст – за сите и за сè. Оваа вистина треба да ни послужи како поттик да дадеме сè од себеси, за во духовниот раст да му се уподобиме на Христа, Кој, бивајќи Богочовек, е наш совршен пример на човечко битие. Тоа духовно растење, пред сè, започнува да ни се укажува преку Божјиот глас во секого од нас, што ние го нарекуваме совест, а совеста, пак, е како витлеемската ѕвезда којашто нè води до Господа“.

    На крај верниците се причестија со Светите тајни на христијанството. „Честит и благословен денешниот празник на вас и вашите семејства и што повеќе и порадосни во храмот божји“, им посака Митрополитот г.Јосиф на верниците.

    Според традицијата прославата се заокружи со благословување на кумските лебови и заедничката божиќна трпеза.

    Христос се роди-Навистина се роди!

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена