Вести
Централна прослава на Божиќ во црквата „Пресвета Богородица“ во Гостивар

Верници од сите возрасти утрово го исполнија храмот „Пресвета Богородица“ во Гостивар на централното одбележување на големиот христијански празник Божиќ во полошко. Со Светата Архиерејска Литургија чиноначалствуваше Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение со свештенослужителите од гостиварското архиерејско намесништво.
Граѓаните со молитва за мир и спасение, запалија свеќи, оставаа дарови и се поклонуваа пред симболичната Витлеемска пештера, местото кадешто се родил Исус, поставена по повод празникот во светиот храм.
На божиќна литургија во црквата „Пресвета Богородица“ во Гостивар, присуствуваше и Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
На крајот од литургијата, оние кои ги постеле шестнеделните пости се причестија.
Чествувањето на првиот ден од Божиќ традиционално се закружи со заедничка трпеза во дворот на црквата, подготвена од овогодинешните кумови, а благословена од Владиката г.Јосиф.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести