Поврзи се со нас

Гостивар

Прослава на Цветници во црквата „Пресвета Богородица“ во Гостивар

Објавено

на

Во чест на православниот празник Цветници, во Соборниот храм Пресвета Богородица-Гостивар,утрово беше отслужена Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

Пред започнувањето на литургијата, според обичајот беа осветени врбовите гранчиња, а Митрополитот им ги подели на верниците. Владиката во својата беседа меѓу другото истакна: Се приближува крајот на постот, а се доближува радоста на Празникот над празниците Воскресението Христово – Велигден. Веќе зад нас се шест седмици на Великиот пост, а пред нас е Страсната или Страдална седмица, седмицата на Христовите доброволни и спасителни страдања. Во оваа недела што ни предстои целиот наш фокус треба да го насочиме кон Христа, Кој со влегувањето во Ерусалим и со тргнувањето на Голгота, заради нас го исполнува севкупниот домострој на спасението. Наоѓајќи се во овој храм со врбови гранчиња во рацете, денес сите ние сме сведоци на Христовото влегување во Ерусалим, бидејќи „наоѓајќи се во Неговото Тело, во Црквата, ние имаме една Глава – Него“, вели во својата беседа за овој празник светиот Григориј Палама, кој нè потсетува дека сите ние, кои имаме една надеж, сме повикани заедно во овие денови пред самиот празник – да се љубиме еден со друг, да се трудиме еден за друг, бидејќи сме соединети едни со други. Но и да веруваме во Бога. И токму пред самите Негови страдања, и треба да се запрашаме дали вистински веруваме во Него? – Ако вистински веруваме во Него – во оваа недела треба активно и ние сите да соживуваме со Него, да го созерцаваме Неговото дело и да Го носиме Неговиот крст, следејќи го Неговиот трнлив пат до Распетието, за на крај да го доживееме како свое и Неговото Воскресение. Затоа апелирам до сите православни христијани, дека во престојните дни е време благопријатно, самиот ден на спасението, па затоа, според павловите зборови да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на Светлината. Да одиме чесно како дење“.

На крај на литургијата верниците се причестија со светите тајни.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена