Поврзи се со нас

Гостивар

Прослава на Цветници во Гостивар: „Да отфрлиме од срцата и душите лукавство и грев“

Објавено

на

Православните верници денес го чествуваат Цветници, во чест на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим. На празникот Митрополитот на тетовско-гостиварската епархија г.Јосиф богослужеше света литургија во соборниот храм Пресвета Богородица во Гостивар.

Во својата проповед митрополитот г.Јосиф кој меѓу другото рече: „Денес го празнуваме споменот на величественото влегување на Господа во Ерусалим. Тоа е еден од највпечатливите моменти во овоземниот живот на Спасителот. За да можеме поживо да си го претставиме тоа случување и од него да извлечеме поголема поука, мислено да се пренесеме во она време, во оној ден кога тоа се случило. Преку настаните од овој ден, Христос значително се разоткри Себе си помеѓу народот како долгоочекуваниот Цар – Месијата. И сето ова, повторно намерно се случува само четири или пет дена пред Неговата смрт, за да можеме сите јасно да ја видиме дволичноста и омразата на неговите непријатели, кои беа помеѓу народот во лицата на старешините и книжниците, и кои немаа потреба да испраќаат луѓе за да го бараат Исуса каде е, затоа што Го видоа како јавно влегува со своите ученици и апостоли со голема слава во големиот град. Браќа и сестри и ние, коишто денес се наоѓаме во овој свет храм овде во Гостивар, прославувајќи го овој историски библиски настан од животниот пат на нашиот Спасител Господ Исус Христос, да се поучиме од еврејските деца. Да отфрлиме од нашите срца и од нашите души секакво лукавство, секаков престап и секаков грев. Та со чисти срца и души да Го пресретнеме Господа Христа, и да Му воскликнеме како Ерусалимските деца: „Осана! Благословен е Кој доаѓа во името Господово, Царот Израилев.“

По литургијата верниците се причестија со светите тајни.

фото:тетовско-гостиварска епархија

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена