Поврзи се со нас

Гостивар

Прослава на Духовден во Гостивар: Овој празник да ви влева нови духовни сили, беседеше Владиката

Објавено

на

Во чест на православниот празник Педесетница – Духовден, во храмот „Пресвета Богородица“ во Гостивар, Митрополитот Тетовско-гостиварски  г. Јосиф во сослужение на свештенослужители отслужи света Литургија, а по  литургијата, согласно типикот, отслужи вечерна богослужба со читање на молитвите за призив на Светиот Дух.

Во својата беседа митрополитот г. Јосиф меѓу другото истакна:

„Денес, педесет дена по Христовото воскресение, а точно на десеттиот ден од Вознесението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, на празникот Педесетница или Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите – Духовден се исполнуваат Христовите зборови, ветувањето кое им го дал на своите ученици, светите апостоли: „И ете, Јас ќе го испратам врз вас ветувањето од Мојот Отец; а вие останете во градот Ерусалим, дури не се облечете во сила одозгора“ Послушни на ветувањето од својот Учител, од денешното апостолско четиво слушнавме дека светите апостоли престојувале во Ерусалим, пребивајќи „заедно и еднодушни“ го очекувале слегувањето на „Духот Утешителот“ , „Духот на вистината, Кој излегува од Отецот“, а кој во вид на огнени јазици слегол врз апостолите, кои просветлени со божествениот дар од Светиот Дух веднаш започнале да го проповедаат Евангелието на разни јазици и мноштво на  верни, крштевајќи ги, ја формираа Светата Црква пред цели дваесет века. Просветлени од Светиот Дух, посакувам овој значаен празник и зеленилото кое го симболизира животот даден на секој човек преку слегувањето на Светиот Дух, постојано да ви влева нови духовни сили во надминувањето на искушенијата, кои секојдневно се појавуваат во нашите животи. Да се молиме и да живееме православно, пребивајќи во Црквата Божја за да Духот Свети никогаш не нѐ напушти, бидејќи без Неговата благодат и енергии ние не можеме да живееме. Верувајќи во Троичниот Бог: Отецот и Синот и Светиот Дух, да живееме светотаински, да се воцрковуваме и да ги практикуваме редовно светите тајни, преку кои ни се даваат благодатни енергии за преуспевање во светот и даровите на Духот, кои се: правичноста и правдата, мирот и мирољубивоста и радоста. Кога овие дарови ги поседува христијанинот тој е смирен, може да прости, да ги сослуша другите и да ги разбере, затоа што тој човек расудува христоцентрично и светоотечки. Нека тие дарови и благодатта на Светиот Дух биде постојано со сите за да вистински ја прославуваме Пресветата и Животворна Троица – Едниот Бог во Три Лица, сега и секогаш и во сите векови.“

фото:тетовско-гостиварска епархија

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 15 минути

Зачини кои го поттикнуваат согорувањето на калориите

Вестипред 12 часа

Работи што не треба да ги чувате во автомобил

Гостиварпред 13 часа

Четирицикл удрил во бетонски столб во Гостивар, повредени две лица

Македонијапред 15 часа

Вакцинација против сезонскиот грип од средината на октомври

Гостиварпред 17 часа

Клучевите во брава, вратите незаклучени – Крадци во Гостивар лесно украле „сузуки алто“

Гостиварпред 18 часа

Петгодишен јубилеј на YCC Гостивар: Работиме неуморно да ја зајакнеме младината и создаваме трајни позитивни промени

Македонијапред 18 часа

Платите на наставниците се зголемуваат за 15%

Гостиварпред 19 часа

Пешачете и возете велосипед, порака од „Ден без автомобили“ во Гостивар

Гостиварпред 21 час

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 7 дена

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 1 месец

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена