Поврзи се со нас

Гостивар

Прослава на Петковден во црквата Света Петка во Гостивар

Објавено

на

    Во чест на празникот Петковден во храмот „Св. Петка“ во Гостивар беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение на протоереј Марјанчо Мадевски, ереј Мартин Андоновски и ѓакон Славче Ѓорѓески.

    По завршувањето на литургијата беше прекршен празничниот колач, а владиката во своето обраќање меѓу другото нагласи:

    „Имајќи ја преподобната мајка Параскева за наша молитвена закрилничка пред Бога и како прекрасен Божји дар за нас, даден како постојан пример за следење, уште од денес сите ние заедно, поучувајќи се од неа, од нејзиниот светол живот да започнеме да правиме промени во сопствените животи, зачекорувајќи силно по Божјиот пат, по патот кон Царството небесно. А како ќе знаеме дека сме се промениле и дека сме стигнале барем до некаде на патот кон усовршувањето? – Тогаш кога нашата љубов ќе биде поголема од нашиот страв, кога нема да осудуваме, кога нема да има завист во нашите срца, кога ќе бидеме среќни со тоа што го имаме, кога редовно ќе го посетуваме Божјиот храм, кога ќе имаме разбирање и кога ќе му подадеме рака на другиот, кога ќе се покаеме и заплачеме за нашите гревови и прегрешенија, кога ќе Го исповедаме и примаме Христос нашиот Спасител преку Светата тајна причест, кога како светата Петка, чиј спомен денес ѝ го празнуваме ќе се потрудиме низ целиот свој живот да Му служиме на Бога – е само тогаш сме се промениле. Ако сето тоа вистински го правиме ние несомнено ќе се здобиеме со добродетелни карактеристики, со кои значително ќе ја осветиме нашата душа, која ќе тежнее кон она што е вистински добро, кон Бога и кон светото. За таа наша промена што побргу да се случи да побараме помош од светата Петка, која ја заслужила милоста пред Бога да може да се моли за сите нас.“

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Што, како, каде?!пред 3 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 2 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 2 недели

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Гостиварпред 4 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 2 недели

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Занимливостипред 3 недели

    Како да ги искористите силика гел пакетчињата во секојдневниот живот

    Рецептипред 4 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Светпред 6 дена

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Културапред 3 недели

    Гостивар во чест на моќта и безграничноста на стиховите – Поетски настан за Денот на поезијата

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement
    Smartwatch

    Паметен часовник со USB

    ~611 ден
    Купи сега
    Полнач

    12V Батерија Полнач

    ~248 ден
    Купи сега
    Гланц крема

    Гланц крема за гума и браник

    ~146 ден
    Купи сега
    Држач

    Магнетен држач за телефон

    ~98 ден
    Купи сега
    Паста

    Паста за поправка на кожа

    ~125 ден
    Купи сега
    Слушалки

    Bluetooth слушалки

    ~260 ден
    Купи сега
    Selfie

    Селфи видео далечински

    ~173 ден
    Купи сега
    Лампа

    LED батериска лампа

    ~170 ден
    Купи сега
    Фустан

    Женски фустан

    ~489 ден
    Купи сега
    Дрон

    Дрон со далечинска контрола

    ~999 ден
    Купи сега
    Мемориска

    Micro SD мемориска картичка

    ~134 ден
    Купи сега
    Правосмукалка

    Правосмукалка за автомобил

    ~379 ден
    Купи сега
    Одвртувач

    Електричен одвртувач

    ~710 ден
    Купи сега

    Популарно изминативе 100 дена