Поврзи се со нас

Гостивар

Прослава на празникот света Екатерина во манастирот со нејзино име во Стенче

Објавено

на

    Денешниот православен празник света Екатерина беше прославен во манастирот во село Стенче кој го носи името на оваа светица.

    При тоа, митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф ги благослови кумските лебови. Пред присутните верници и кумовите митрополитот г.Јосиф истакна:

    „Денес сме браќа и сестри овде во прекрасното и живописно село Стенче каде во 2022 го осветивме овој велелепен храм посветен на денешната светителка маченичка св.Екатерина. Тогаш на осветувањето на храмот во мојата беседа нагласив дека овој храм е дом Господов, дом за молитва и како таков преставува „парче небо на земјата“ во кое сите ние „оскребени и обременети“ од животните грижи наоѓаме спокој и мир. Со влегувањето во него и со молитва кон светaта Екатерина патронот на овој храм, повторно и секогаш ќе ја враќаме утехата, верата, надежта и љубовта во нашите срца. Женскиот свет, подобен на жените мироносици, продолжува да се пројавува низ целата историја на христијанството. Особено се покажале храбри за време на гонењето на христијаните. Мачениците се луѓе што пострадале, односно биле убиени само затоа што верувале во Господ Исус Христос и не сакале да го променат она што станало дел од нивното битие, зашто знаеле, живееле и чувствувале дека тоа е вистинското, зашто гарант за тоа е Оној Кој е Патот, Вистината и Животот. Нека храброста на св.вмч Екатерина постојано пребива во нашите мисли, посебно во овие празнични денови, и таа храброст постојано нека ја јакне нашата вера, за да можеме да издржуваме во сите искушенија и несреќи кои навалуваат на нас. Храброста на света Екатерина нека ни биде вечна лекција дека немаме ништо поскапоцено и повредно од името на нашиот Спасител, Господ Исус Христос.Амин.“

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 8 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 12 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 13 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 17 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 18 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 20 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 22 часа

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 23 часа

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 2 дена

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена