Вести
Прослава на Цветници во Гостивар
Православниот свет денес го слави празникот Цветници, во чест на свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим. Празникот уште се нарекува Цветоносна недела и Врбица. Храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар беше местото на централното празнување во полошко. Со светата литургија, која собра голем број верници, чиноначалствуваше Митрополитот на тетовско-гостиварската епархија г.Јосиф. Во својата беседа, Владиката ги потсети верниците на значењето и суштината на празникот и порача да се прават добри дела и да се заборави лицемерието:
„Царот над царевите влегува во Ерусалим седејќи на смирено осле. Ослето е симбол на потполно трпение и послушност. Ослето, исто така не претставува и нас луѓето на кои Христос ни стана цар и спасител. Возљубени во Господа, да направиме од себе си Ерусалим и да го дочекаме во нас да влезе и да живее најскапоцениот гостин, Спасителот Христос. Тоа ќе го направиме трудејќи се со добри дела, а не со предавање на страстите“
Насобраниот народ во црквата, во духот на Цветници, со осветени врбови гранчиња се помоли за здравје, мир и спасение и преку причест ги прими светите тајни на христијанството.
Прославата на Цветници во Гостивар се надополни со осветување на новоизградената фонтана во дворот на црквата.
Цветници е подвижен празник и секогаш се прославува една недела пред Велигден. Од утре почнува страдалната седмица или велика недела кога се одбележуваат последни денови на Исусовите страдања.Деновите пред Велигден се исполнети со покајување, прошка, пост и молитва. Преку црковните богослужби на почетокот на седмицата верниците се потсетуваат на последните беседи и поуки на Исус кон апостолите и луѓето.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди