Поврзи се со нас

Гостивар

Прослава на Успение на Пресвета Богородица во Лешочкиот манастир

Објавено

на

Големиот христијански празник Успението на Пресвета Богородица (Голема Богородица) традиционално, свечено и торжествено се прославува во Лешочкиот манастир.

Одбележувањето започна со празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение  на протоереј Маријанчо Мадевски, ереј Илија Сламков, ереј Велјанчо Огненовски и ѓакон Илија Деспотовски.

По завршувањето на Вечерната служба, беше изнесена за целивање плаштаницата на Успението на Пресвета Богородица, над која се пееја статиите од опелото на Пресвета Богородица, а верниот народ се поклони и оддаде почит на Богомајката.

По вечерната богослужба надлежниот митрополит г Јосиф се обрати со пригодна беседа говорејки дека денеска севкупниот свет е исполнет со пофалба кон неа, Пресветата Богородица: „На нејзиното славно успение сè се радува. Се радува видливиот, се радува и невидливиот свет. Се радува разумното, се радува и неразумното.Должни сме секогаш да паметиме дека, за застапничка и молитвеничка, пред нашиот Творец и Спасител, ја имаме Пресветата Богородица.“

извор:тетовско-гостиварска епархија

 

 

 

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена