Гостивар
Прослава на значаен јубилеј – 7 децении постоење на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“, Гостивар

Објавено
пред 3 месецина

Градското аматерско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар, годинава прославува седум децении јубилеј и мисија на негување и промоција на македонската традиција и фолклор. По тој повод вчеравечер во Центарот за култура АСНОМ, беше организирана ревија на народни носии, како и концерт на народни песни. Свои настапи имаа солистите Перо Пандиловски, Мирослав Крстески и Анѓела Фичуроска.
„Нашето друштво 70 години на госиварските простори успева да ја негува македонската култура, традиција и уметност. За жал, на јубилејниот настан изостанаа македонските сплетови, односно фолклорот, затоа што ковид мерките не го дозволуваат тоа. Сепак, ние на најдостоинствен начин, колку што дозволуваат мерките се обидовме да го прославиме јубилејот“, рече кореографот Предраг Ристески.
Мерките и правилата кои ги наметна пандемијата се удар врз опстојувањето на културно-уметничките друштва. Од гостиварското друштво велат дека сепак не се откажуваат од својата работа и не губат надеж за подобри времиња.
„Во услови на пандемија, кога мерките прошишуваат одржување на дистанца, забрана за групирање и слично претешко е да се работи. Сепак, кај нашите членови има голем ентузијазам и љубов кон ова што го работиме, ние ќе се потрудиме да остане така, во надеж за подобри времиња“, подвлече Ристески.
Настанот за одбележувањето на јубилејот на „Браќа Ѓиноски“ се одржа по покровителство на Министерството за култура.
Почетоците на гостиварското културно уметничко друштво датираат од 1950 година. Група млади гостиварци се собрале да ги продолжат традициите на претходно постоечко друштво познато под името „Шивачки“. Со тек на времето, се равивало и го зголемувало членството. Друштвото зад себе има бројни концерти и настапи на фестивали во земјава и странство. Најголемиот меѓународен успех го постигнало на фестивал во Турција во 1985 година, каде во конкуренција на над 40 друштва од цел свет гостиварци го освоиле првото место.
АНКЕТА:

Охриѓанец во Гостивар лажел дека е од Америка и не сакал да се легитимира

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

Одбележување на Водици во Гостивар согласно мерките за заштита од ковид, сепак традицијата не се прекина

Голем православен празник Богојавление – Водици

Бројот на активно корона заразени во регион на Гостивар падна на 332

Од полноќ поскапуваат горивата

Во подготовка е долгорочен план за управување со дивокозите во НП Маврово

Гостиварец ја нападнал сопругата, приведен е во полиција

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол

Какво време не‘ очекува оваа работна недела?

Од полноќ нови цени на горивата

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Спортпред 3 месеци
Важни победи за ФК Гостивар и Вардар Форино во 7.коло во 2МФЛ
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка