Македонија
Прослава по повод Денот на Општина Маврово и Ростуше
Во пресрет на Денот на Општина Маврово и Ростуше, 4-ти мај, денес во салата Македонија беше организирана пригодна прослава со културно – уметничка програма и доделување на благодарници и пофалници.
„Со задоволство можам да констатирам дека со досегашните реализирани проекти во инфраструктурата, образованието, водоводи и атмосферски канализации и други проекти Општина Маврово и Ростуше ќе стане модерна и современа европска општина. Во иднина активностите ќе бидат насочени кон реализација на капитални проекти, подобрување на патната инфраструктура, заштита на животната средина, подобрување на водоснабдувањето, на условите во образованието, проекти кои ќе бидат од големо значење на општината и целиот регион.“, рече во своето обраќање градоначалникот, Медат Куртовски.
На свеченоста беа доделени благодарници за афирмација и придонес во развојот на Општината на Миле Зечевиќ, советник на Премиерот, Омер Дурмиши директор на Здравствениот Дом во Ростуше, Нусрет Јакупоглу, заменик претседател на здружението Мак-Гоч Маниса, Ферит Адеми, Зумер Јакупи, Аднан Салиу за најуспешен претседател на МЗ. На ученици пак, кои оствариле успеси и на победниците во трунирот во мал фудбал им беа доделени пофалници.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија: НОВОГОДИШНО „НАРАЧАНО“ ИНТЕРВЈУ со Дедо Мраз | Gostivarpress.mk