Поврзи се со нас

Вести

Прославен Денот на ослободувањето на Гостивар

Објавено

на

 

Со свечена манифестација, доделување на признанија и културно-уметничка програма во Гостивар беше прославен 18-ти Ноември, Денот на ослободувањето на градот. На настанот кој го организираше Општинскиот одбор на сојузот на борци и основното училиште „Единство“ присуствуваа голем број граѓани, ученици, претставници на политички партии и гости од тетовската касарна, Сојузот на борци од Тетово, здружението на пензионери и други.

По повод 73 години од конечното ослободување на Гостивар, професорката по историја во ОУ „Единство“ Катица Аврамоска прочита реферат со акцент на историските текови врзани со последните ослободителни акции од НОБ и пожртвуваноста на борците.

„Тој 18 Ноември 1944 година, не го доживејаа 323 активни учесници и 158 граѓани жртви на фашистичкиот терор, Македонци, Албанци, Турци, Роми и други. Тие со својат крв грантино го цементираа темелот на денешната слобода и ним им должиме голема слава“, нагласи Аврамоска.

Манифестацијата за Денот на ослободувањето ја збогатија основците од училиштето „Единство“ кои љубовта и почитта кон родниот град ја искажаа преку пишаниот збор, рецитации и пеење.

На свеченоста, според традицијата на поединци и фирми кои ги поддржуваат активностите на боречката организација им беа доделени признанија. Исто така, беа доделени и наградите од литературниот конкурс за најдобар ученички есеј на тема „Слободата е нашата сегашност и патоказ за посветла и посреќна иднина на сите нас“

Одбележувањето заврши со положување на букети цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена