Здравје и убавина
Протеини – неопходни за зајкнување на телото, мускулите и коските

Протеините се макронутриенти неопходни за телото и неопходни за зајакнување на мускулите и коските, регулирање на хормоните и апетитот. Препорачаниот дневен внес на протеини за здрави возрасни лица е 0,75 грама на килограм телесна тежина. Протеините ни даваат енергија, го продолжуваат чувството на ситост, го спречуваат слабеењето на мускулите во староста. Се верува дека конзумирањето на храна богата со протеини во одреден дел од денот дава најдобри резултати и ја зголемува мускулната маса и му помага на телото полесно да се опорави од физичкиот напор.
Протеините обезбедуваат подолго чувство на ситост
Луѓето кои се обидуваат да изгубат тежина исто така можат да имаат корист од протеините. Исхраната збогатена со протеини обезбедува подолго чувство на ситост после јадење, го регулира варењето и го стимулира лачењето на хормоните за ситост како што се пептид II и холецистокинин.
Високо-протеинските диети се начин на исхрана со поголем дневен внес на протеини од препорачаните 0,75 грама на килограм телесна тежина. Светската здравствена организација наведува дека дневниот внес на калории од протеини треба да биде 10-15 проценти. Експертите нагласуваат дека на организмот му се неопходни минимални количества протеини, со цел да се спречи губењето на мускулната маса и да се задоволат потребите за аминокиселини.
Тие се клучна компонента за градење мускули
За да го зачувате здравјето што е можно повеќе, а во исто време да се обидете на здрав начин да ја намалите зголемената телесна тежина, се препорачува секој оброк да содржи по една храна богата со протеини. Не постои „најдобро време за консумирање протеини“ ако се обидуваме да управуваме со нашата телесна тежина. Важно е внесот на протеини да биде рамномерно застапен во сите оброци во текот на денот.
Протеините сочинуваат 80 проценти од мускулната маса и се клучна компонента за градење мускули. Доколку се трудиме на здрав начин да ја регулираме телесната тежина, важно е да консумираме протеини, но и да вежбаме. Мускулната маса не може правилно да се зголеми без тренинг со протеини и отпор.
Видови на протеини
Најважно е да се задоволат дневните потреби на организмот за протеини, со конзумирање на еднакви количини на протеини во текот на денот. Видот на протеинот што го консумираме е исто така важен.
Еден грам протеин дава 4 калории енергија. Експертите истакнуваат дека постојат протеини кои нашиот организам може да ги искористи на најдобар начин, тоа се протеини кои ги содржат сите осум есенцијални амино киселини и се од животинско потекло. Овие есенцијални протеини за раст, развој и сила се наоѓаат во месото, рибата, јајцата и млечните производи. Протеините од растително потекло, со исклучок на сојата, не ги содржат сите есенцијални амино киселини.
Протеините подеднакво се препорачуваат за секого
Исхраната заснована на малку повисоки количини на протеини е безбедна за здрави луѓе, а студиите покажуваат дека протеинската исхрана ја подобрува густината на коските и го контролира нивото на шеќер во крвта.
Исто така многу од лекарите нагласуваат дека, сепак, не треба да претеруваме, со фактот дека некои групи пациенти може да бидат особено чувствителни на малку поголем внес на протеини. Луѓето кои се лекуваат од бубрежна болест мора да го контролираат и да го намалат внесот на протеини, премногу протеини може да ги оштетат бубрезите, да доведе до висок крвен притисок и да предизвика деминерализација на коските.
Исхраната со малку повеќе протеини може да биде добра за здрави поединци кои тренираат и се обидуваат да изградат мускулна маса.
Најбогати извори на протеини се говедско месо, јагнешко месо, свинско месо, телешко месо, мисирка, пилешко, јајца и риба. Протеините се наоѓаат и во ‘рж, јачмен, овес, млеко, сирење, бадеми, лешници, ореви, сусам, сончоглед, грав, леќа, наут и слично.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос