Поврзи се со нас

Македонија

Протест на дел од матичните лекари, нема да издаваат рецепти и упати

Објавено

на

Членови на Здружението на приватни лекари на Република Македонија (ЗПЛРМ) од денеска стапија во тридневен протест во тек на кој ќе бидат на работните места и ќе примаат само итни случаи, но нема да издаваат упати и рецепти. Главно барање на матичните лекари е зголемување на капитацискиот бод поради порастот  на трошоците на живот.

УО на ЗПЛРМ  на 27 август донесе одлука на 5,6 и 7 септември да се одржи протест на работно место – заради, како што наведуваат во објавата на веб страницата на Здружението, неприфаќање на стратешките барања од здравствените власти.

Според одлуката на УО на Здружението, ќе нема упати и рецепти три дена.

Покрај зголемување на капитацискиот бод, тие меѓу останатото бараат „електронско здравство, бришење на дестимулативната скала, зголемување на буџетите за специјалисти и лаборатории и за рурални амбуланти, да не се затвораат ординации на лекари кои сакаат да  продолжат да работат над 64 години“….

Министерот за здравство Беким Сали во пресрет на протестот минатата недела изјави дека незадоволствата кои постојат меѓу матичните лекари треба да се решаваат на маса и со конкретни предлози кои ќе бидат разгледани и дискутирани, а не преку бојкот на работата.

– Ние во изминатиот период од шест месеци веќе дискутираме. Не можеме да направиме промена во систем во период од месец дена или два, или пак, под притисок знаејќи дека во изминатиот период ние постојано дискутиравме, повеќе точки се предложени на Влада, дадени се насоки, тоа се процедури исто како што имаме забелешки за јавните набавки исто и за измените кои треба да се направат во систем за справување со примарната здравствена заштита. Се бара време, тоа е единствената работа што сум ја побарал од матичните лекари, но за жал нема слух. Ние ќе продолжиме со нашата интензивна работа околу промените во примарната здравствена заштита. Моите колеги за жал ќе продолжат со бојкотирање, а пациентите се тие што трпат, изјави Сали.

Тој се согласува со барањето на матичните лекари упатот да не биде печатен туку во електронска форма, но, како што рече, од збор до реализација значи дека како систем треба да се овозможиме и хардвер и софтвер, а за што треба јавна набавка која бара време.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена