Гостивар
Протест на пензионери во Гостивар: Не може да се опстане со 10-12 илјади денари пензија!

Група пензионери во Гостивар утрово се собраа на мирен протест и изразија незадоволство од висината на пензиите, со барање за нивно покачување и минимална пензија во износ од 18.000 денари.
„Поводот за кој се собравме овде е незадоволството од малите пензии, со 10-12 илјади не може да се опстане, тоа се многу малку пари, луѓето не може ни лекови да платат, а не пак нешто друго, има луѓе кои немаат пари на внучињата да им дадат. Сакам да нагласам дека овој собир нема никава политичка позадина, и не стои никоја политичка партија зад ова. Ние бараме минималната пензија да биде 18.000 денари, покачувањето да не биде процентуално, туку линеарно и да биде 5.000 денари. Исто така, бараме оставка од министерката за труд и социјала Тренчевска, затоа што беше дозволено 7 % да се покачат пензиите, а таа даде само 5 %“, кажа Живка Матевска, како претставник на собраните пензионери, при што сподели податок дека на гостиварското подрачје има околу 6.700 пензионери.
И низ други градови во Македонија изминатиот период пензионерите организираат протести и собири со барање за покачување на пензиите.
За 7 ноември (вторник) најавен е генерален протест во Скопје, на кој ќе учествуваат и пензионери од Гостивар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог