Гостивар
Протест на сточарите кај гостиварска патарина: Со овците одиме пред Влада, ако не ги дадат субвенциите итно

Сточари од тетовско-гостиварскиот крај, заедно со одгледувачи од кичевскиот и дебарскиот регион, денес одржаа протест кај патарината во Гостивар, поради неисплатени субвенции за минатата година. Рекоа дека крајно револтирани што се‘ уште не ја добиле финансиската поддршка од државата и побараа да им бидат исплатени парите во следните неколку дена.
Во спротивно најавија блокада на патишта, а рекоа и дека ќе одржат протест и пред Владата, каде ќе ги однесат и своите овци.
„Не сме задоволни и бараме од Министерот да преземе итни мерки и за два-три дена да ги исплатат субвенциите. Во спротивно ние во четврток масовно ќе ги товариме овците и ќе ги носиме пред Влада. Што да правиме?. Имаме големи маки! Немаме каде да ги носиме овците да пасат поради снегот и ги бараме субвенциите за да обезбедиме храна. За 2020-та никој нема земено субвенции. Не знаеме веќе каде да одиме, ќе ги блокираме патиштата и тоа насекаде“, рече еден од сточарите, Меџит Усеини.
Според податоците кои беа дадени на протестот, во регионот има околу 800 регистрирани сточари, со стада кои вкупно бројат околу 180 илјади грла. Финансиската поддршка што треба да ја добијат по јагне е околу 1.000 денари.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја