Македонија
Протест на судската администрација, можен штрајк и блокирање на судовите

Независниот синдикат на судската администрација денеска продолжи со протест за покачување на платите и додатоците на плата. Вработените во судската администрација од 9 и 30 до 10 и 30 часот ја блокираа крстосницата кај Трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје и ги повторија своите барања, повисоки плати за 78 отсто на минималната плата во судската служба и 35 проценти додаток на плата за судските службеници.
„Не престануваме. Бараме оваа неправда под итно да се исправи бидејќи во спротивно ќе најавиме штрајк и ќе ги блокираме сите судови низ цела Македонија. Во преговарачкиот тим бараме да бидеме вклучени и ние како синдикати бидејќи, грото од овие вработени се членови на нашите синдикати и не може да се одлучува за покачување на платите на судската служба без присуство на синдикалните организации“, изјави Јасмина Величкова, претставник на синдикатот.
Велат дека очекуваат преговори, во спротивно ќе продолжат со протестите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос