Поврзи се со нас

Македонија

Протест на судската администрација: „Не се дига на сите подеднакво…(%процентот%)“

Објавено

на

Независниот синдикат на судска администрација и Синдикатот на затворска полиција и администрација денеска во Скопје одржаа протестен марш, кој започна од пред платото на Основниот кривичен суд, сѐ до пред Министерството за финансии, каде побараа зголемување на платата за 78 отсто и враќање на додатоците на плата од 35 отсто, кои, како што велат, Министерството за финансии ги одбива и покрај одлуката на Судскиот совет за исплата на додатоците.

Претседателката на независниот синдикат на судската служба, Јасмина Величкова, рече дека Министерството за финансии ги пренаменило парите предвидени за исплата на додатоци, иако според Законот за судски буџет е предвидено дека заради функционирање на судската власт се утврдува износ во најмалку од 0,8 отсто од БДП.

-Овие 0,8 отсто веќе година и пол не се слеваат во правосудството, а власта ги присвоила, односно ги пренаменила на Министерството за транспорт и врски или некои други минисетрства, што значи целото судство е оштетено. Само од Граѓански суд оваа година во буџетот се влеале 3 милиони и 740 илјади евра, тоа се огромни финансии кои од судството се влеваат во буџетот на земјава. Очекуваме да излезе министерот за финансии, да најде слух за нашите барања и да го реши нашиот проблем, рече Величкова денеска на протестниот марш од пред Министерството за финансии.

Ако Владата се придржува до Законот за судски буџет, вели потпретседателката на Здружението за судска администрација, Рената Ѓеорѓиевска, нивните барања ќе се остварат, односно зголемување на платите за 78 отсто од минималната плата и 35 отсто додатоци на плата.

-Ние не бараме ништо од нив, само си го бараме тоа што ни следува од буџетот, односно 0,8 отсто од БДП законски предвидени за судската власт. Со тоа ние самите ќе си ги оствариме нашите барања, односно 78 отсто покачување на платите од минималната плата и 35 отсто додатоци, континуирано секој месец, рече Ѓеориѓиевска на денешниот протестен марш.

Откако Уставниот суд донесе одлука за покачување на платата на функционерите, вработените во судската администрација излега револтирани, бидејќи, како што велат, Министерството за финансии им одбива исплата на додатоците на плата. Претседателот на Синдикалната организација Правосудство во Основниот кривичен суд Скопје, Драган Јосевски, рече дека по последното покачување на платите се направи разлика еден спрема шест.

-Платите се зголемија само на едната страна тоа е функционерскиот дел, кај нас тоа се судиите, се направи разлика од еден спрема шест. Никој човек, колку и да е компетентен и да има знаење, не вреди за шест луѓе, дециден беше Јосевски.

На протест денеска излегоа и членовите на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) од судската администрација од цела држава, со истото барање, за зголемување на платите за 78 проценти и враќање на додатоците на плата.

На еден од транспарентите пишуваше: „Не се дига на сите подеднакво (%процентот%)“

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 дена

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 4 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 4 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Гостиварпред 2 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 21 час

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 дена

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена