Гостивар
Протест на судската администрација во Гостивар: Со оваа плата тешко се живее!

Судската администрација од Основниот и Апелациониот суд во Гостивар утрово одржа протест во знак на револт и незадоволство од непокачување на платите според барањата и нередовна исплата на додатоците. Тие истакнаа дека бараат зголемување на минималната плата од 78 % и 35 % за додатоци на судските службеници со редовно исплаќање.
„Тука сме да изразиме незадоволство од начинот на којшто државните власти поготово Министерствата за финансии и правда, кои преку Судскиот совет, не ги удоволува барањата за покачување на плата на севкупната судска служба. Кога велам судска служба мислам севкупно на сите нивоа од помошно технички персонал, до стручен, сите имаат право да имаат поголема плата, бидејќи е зголемен трошокот на живот. Со оваа плата тешко се живее. Сакаме да си ја зачуваме институцијата, службата, достоинствено да работиме, не се мешаме во другите политики, си ја гледаме нашата синдикална борба, да можеме да го истераме крајот на месецот. Затоа бараме минималната плата да се зголеми за 78%, како и додатоците согласно правилник. Не сме против Основиот суд или Апелација, напротив тука сме да му порачаме на Министерството за финансии да го одврзе ќесето и да ни даде колку толку плата, согласно нашиот труд и описот на работните задачи. “, рече претседателот на Независниот синдикат на државна администрација, Горан Ристески.
Покачувањето на платите од 10 % го нарече срамно: „Синдикатот смета дека тие 10% се срамни, тоа се неполни 2.000 денари зголемување.“
Протестот пред зградата кадешто се сместени просториите на судовите во Гостивар денес траеше два часа. За чекорите кои понатаму ќе се преземаат ќе се одлучува дополнително.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!