Поврзи се со нас

Гостивар

Протест на ученици од медицинско во Гостивар: Дискриминирани сме, МОН не ни дава стипендии

Објавено

на

Учениците од прва година во средното медицинско училиште во Гостивар, денес преку мирен протест изразија револт, заради тоа што не се опфатени со стипендии кои ги доделува МОН. Тие истакнаа дека се чувствуваат дискриминирани, со оглед дека во конкурсот на Министерството стипендии се предвидени за ученици во прва година од сите други дуални паралелки во училиштата, а за медицинарите нема.

„Јас сум ученик во медицинското училиште во дуалните паралелки, на кои ни го скратија правото да земаме стипендии кои претходно беа ветени. Јас и моите соученици се чуствуваме дискриминирани затоа што само за здравствената струка не следуваат стипендии. Ова е тенденциозно само кај медицинските училишта и се прашуваме зошто е тоа така, зарем нашата струка не е вредна колку и другите , доколку ова не се реши во наша корист ќе ја бојкотираме наставата до исполнување на нашите барања. Стоп за дискриминација за учениците од здравстевната струка“, кажа Димитар Срезоски, како претставник на учениците.

Управата на училиштето и професорите ги поддржуваат средношколците во барањето да им се доделат стипендии, кои се во висина од 3.500 денари месечно.

„Само учениците од здравствените струки нема да земаат стипендии, не знаеме зошто е оваа дискриминација. Имаат учениците право да протестираат. Се надеваме дека нивниот глас ќе стигне до министерот за образование и соодветно ќе реагира, да доделат стипендии и за нашите ученици.“, рече директорот на училиштето, Јетон Сулејмани.

Координаторката за учење со работа преку дуалните паралелки, Нада Софронијевиќ вели дека стипендиите за средношколците се повеќе од потребни за да им покријат некои основни трошоци за самата пракса и школување.

„Ние овие дуални паралелки успеавме со сета сила да ги добиеме и развиваме, и услов беше овие учениците што учат во вклучените компании да добиваат стипендии од МОН. Дел од тие пари ги користат за заштитни средства коишто им требаат, ракавици, маски и друга заштитна опрема. Не ни е за парите, туку за дискриминацијата, само нашите ученици да не земаат стипендии. Сите професори ги поддржуваат учениците и тука сме да се бориме со нив за нивните барања“, изјави координаторката.

Во средното медицинско училиште има околу 200 ученици во прва година. Кои ќе бидат следните чекори во однос на барањето ќе се разгледува заедно со Советот на родители.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена