Гостивар
Протест на угостители, музичари, фотографи во Гостивар: Да се укине забраната за свечености
Угостителите од гостиварскиот регион попладнево на протест на градскиот плоштад во Гостивар изразија незадоволство од долготрајната забрана за организирање на свечености и настани и побараа итно да им се дозволи да работат. Тие кажаа дека се револтирани и од тоа што не се опфатени во новиот сет антикризни мерки.
„Рестораните за организирани настани изразуваат незадоволство од 5-тиот пакет мерки во кој сме целосно заборавени и заедно со останатите комплементарни дејности – музичари,фотографи студија за декорации, слаткарници, цвеќарници, шминкери и модни дизајнери, да испратиме апел до Владата на Р.С.М. Премиерот Заев, презентирајќи го 5-тиот пакет мерки, во мерката број 8 презентираше помош во износ од 1,3 милиони евра за транспортни компании за патници кои имаат 50% пад од ланскиот промет затоа што како што кажа – го парафразирам, државата директно ја ограничи со мерки нивната дејност и работење. Па каде сме ние во приказнава ??? Ние немаме ограничување во дејноста, ние имаме забрана за вршење на нашата примарна дејност за која сме ги отвориле објектите и доколку работиме треба кривично да одговараме. Ние 5 месеци од сопствени средства пуштаме плати за нашите вработени (државата ни помогна 6 месеци) 11 месеци од сопствени средства плаќаме камати на кредити, кирии, комунални трошоци, осигурување, обезбедување и останати режиски трошоци“, реше Меритон Абази, угостител.
- На протестот беа искажани следните барања: Владата итно да го укине членот 14 од Уредбата излезена во Службен весник на 23.06.2020 со која “се забранува организирање на секаков вид настани ( свадби, крштевки, родендени), во отворен и затворен дел од објектот”. Ние сме категоризирани објекти за организирани настани, располагаме со големи капацитети и имаме можност да спроведеме организиран настан на кој што би се запазиле сите веќе усвоени протоколи според кои функционираат останатите A la carte ресторани.
- Апелираме на донесување на протокол со временска динамика кој е од исклучително значење за идните младоженци но и за нас и сите комплементарни дејности. Споредбено со регионот, ние сме единствена земја која не доби протокол за организирани настани цела година, а поддршката субвенционирање на плати и придонеси, како и еднократниот грант е убедливо најниска директна помош во нашиот сектор во регионот.
- Бараме Владата за нас рестораните за настани и ноќните клубови да направи посебен пакет на мерки и да не гледа како субјекти кои точно една година се 100% погодени од ковид пандемијата. Потенцирам, ние сме единствените субјекти на кои им е забранета примарната дејност од првиот ден на пандемијата и за жал покрај сите дописи и состаноци со Владата не наидовме на слух од другата страна. Делумната помош во плати и еднократниот грант со максимален износ од 10.000 евра не е ни приближно доволен за сервисирање на тековните комунални трошоци за нашите големи објекти како и за кириите и кредитите за истите.
Угостителите најавија дека ќе продолжат со протести.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија