Поврзи се со нас

Гостивар

Протест во гостиварско Чајле: Туѓо не бараме, нашето не го даваме!

Објавено

на

Жители на гостиварско Чајле и граѓани кои имаат имот во атарот на селото, денеска излегоа на мирен протест на местото викано Рудина. Тие реагираат дека на таа локација, земјиште со површина од околу 18 илјади метри квадратни, коешто било државно, припаѓало на селото и на селаните, се узурпира. Велат дека  местото преку ноќ било оградено и имаат сознанија дека тука ќе се гради индустриски капацитет.

„Сакаме да знаеме на кој начин целото ова место ни е одземено, и сега е узурпирано. Си ја бараме правдата. Ова со векови било наше земјиште, на жителите на селото, без разлика дали се Македонци или Албанци. Не може некој да ни го земе. А одеднаш гледаме преку ноќ, ставена е ограда. Значи некој сака на наша земја да прави бизнис. Ние туѓо не бараме, ама нашето не го даваме. Овде се гробиштата, порано тука била селската задруга и сега е нејасно како таа земја е дадена или продадена.“, рекоа жителите на протестот.

Според нивните кажувања, земјиштето сега е во приватна сопственост, но како жители на Чајле бараат да се обзнани на кој начин е отуѓено. Исто така, револтирани се и поради сознанијата дека ќе се гради фабрика, а за локацијата постојат податоци дека тука опстојувала средновековна населба.

Од Општина Гостивар рекоа дека го поддржуваат протестот, но не можат да се мешаат во процедури на другите нивоа на власт и имотни прашања. „Што се однесува до ингеренциите на општината, уверуваме дека градоначалникот нема да донесе никаква одлука или согласност ако тоа е во судир со заедничките интереси на жителите или пак ја загрозува животната средина“, рече претставникот од општината, Агим Мустафаи.

Жителите на Чајле рекоа дека ќе продолжат јавно да ги изразуваат својот револт и дека ќе ги радикализираат протестите.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 4 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 6 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 8 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 8 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 10 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 11 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 13 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 14 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена